Сандеј тајмс: Војната во Украина го подели НАТО на три табори

Трите групи земји во Алијансата се опишани како „јастреби“, „гулаби“ и „ноеви“.

Фото: ЕПА

Конфликтот во Украина предизвика не само несогласувања меѓу земјите од НАТО, туку и поделба на три струи - „јастреби, гулаби и ноеви“, оценува британскиот неделник Сандеј тајмс.

Земјите „јастреби“ се членките на алијансата што сметаат дека е неопходно не само да се врати целосната контрола на Украина врз територијата на Донбас и Крим, туку и да ѝ се „зададе толку силен удар на Русија што таа во иднина да не може да претставува закана за ниту еден нејзин сосед“.

Весникот не ги наведува земјите што ги вбројува во „јастреби“, но во делот посветен на таквите земји цитира неименуван аналитичар близок до полската влада.

Земјите „гулаби“ се решени да постигнат мирно решение меѓу Русија и Украина, а тоа се земјите што би се согласиле на повлекување на руските војници на нивните позиции пред 24 февруари.

Во овој контекст се наведува дека неименуван функционер на една од скандинавските земји оценил дека „таков договор не би бил фер, но би бил практичен“.

Според Сандеј тајмс, земји „ноеви“ се оние членки на НАТО што повеќе се фокусираат на своите домашни проблеми, ги поддржуваат документите на алијансата, но во поголема мера се „приклонуваат кон линијата на најмал отпор“, група што ги вклучува земјите на југот на Европа.

Весникот заклучува дека на многу начини недостигот од согласност во рамките на Организацијата на Северноатлантскиот договор бил причина за неуспехот на идејата за распоредување мали контингенти на НАТО за одвраќање од ракетни напади во градовите во западна Украина, далеку од линијата на фронтот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе