Дојче веле

САД ги модернизираат атомските бомби во Германија: „Без нив сѐ ќе пропадне“

Бундестагот уште пред десет години побара последните атомски бомби да ги снема од Германија.

Но, тие сѐ уште се таму и дури се работи на нивна модернизација. Тоа многумина во Германија ги загрижува, пишува Дојче веле.

„Себе се гледам како можна цел на напад“, вели Елке Колер со непријатност во гласот. Таа пензионерка живее во близина на воздухопловната база Бихел во покраината Рајналд-Фалц во југозападна Германија.

Пред својата куќа ги слуша тренажните летови на борбените авиони. Звукот не ѝ пречи многу, колку фактот дека во блиската база се чуваат атомски бомби. Тоа се преостанатте американски нуклеарни бомби на германска територија.

Експертите проценуваат дека ги има меѓу 15 и 20, но вистинската бројка е тајна. „На почетокот верував дека бомбите ќе ги снема за две до три години“, се потсетува 77-годишната жена, иначе мировна активистка од времето на Студената војна. „Мислев дека само ги заборавиле“.

Но нуклеарните бомби се и ден денес во Бихел. Се наоѓаат во подземни магацини кои ги чуваат тешко вооружени американски војници. Околу базата е крената нова, масивна жичена ограда. А старите нуклеарни бомби наскоро ќе бидат заменети со нов, поразорен модел.

Под „нуклеарниот заштитен чадор“

Соединетите Држави за време на Студената војна поприлично ја снабдуваа Западна Европа со атомско оружје, за да го одвратат Советскиот Сојуз од можен напад. Најголемиот дел од тоа оружје САД по 1991 го повлекоа, но еден дел остана. Се проценува дека во Европа се стационирани околу 150 атомски бомби: во Италија, Белгија, Холандија и Германија.

Голем број Германци не знаеја дека се стационирани во малото место Бихел во кое живеат 1.200 луѓе. Дури ни Елке Колер не го знаела тоа кога се преселила таму во 1980. „Тоа за мене беше тотален шок“. За тоа дознала дури кон средината на 90-тите, од печатот. Сојузната влада на Германија всушност никогаш официјално не призна дека во Бихел се чуваат нуклеарни бомби.

Бихел не е избран туку така. Таму е стационирана Тактичката воена ескадрила 33 на Бундесверот. Ако дојде до напад со нуклеарно оружје, пилотите би ги носеле нуклеарните бомби до целта со германските ловци „торнадо“.

Тој модел на организација се нарекува „нуклеарно учество“, а според него., земја која нема нуклеарно оружје, во овој случај Германија, може да земе учество во американските бомбардирања. Задачите се јасно поделени – кодовите за активирање на атомските бомби ги има само американската војска, но нив би требало да ги фрлат германски војници.

Заплашување со стари авиони

Атомските бомби се „јасен сигнал за заплашување на секој потенцијален противник“, се наведува во Нуклеар посчр ривју, во кој американската влада во февруари 2018 ја опиша својата нуклеарна стратегија. Но дали бомбите во Бихел навистина можат да заплашат?

Германските борбени авиони „торнадо“ се произведени во 80-тите години. Тие денес во техничка смисла се застарени и често се расипуваат. Експертите сметаат дека не би можеле да ја совладаат најсовремената руска противвоздушна одбрана. А германската влада сѐ уште не донела одлука за тоа кои авиони ќе го наследат „торнадо“.

Воено гледано, атомското оружје кое се чува во Германија „сигурно не е одлучувачко за воен успех или неуспех“, смета експертот за одбрана на Зелените во Бундестагот Тобијас Линднер. Тој тоа пред сѐ го гледа како „скап, опасен, застраен и симболичен прилог, за Германија во НАТО да биде на изворот на информациите“.

Размената на информациите во НАТО

Во рацете на НАТО се стратегиските планови за нуклеарниот заштитен чадор за Западна Европа. Поточно, во Групата за нуклеарно планирање, во која седат министрите за одбрана на сите држави членки на НАТО, со исклучок на Франција, која како нуклеарна сила по сопствена желба не сака да учествува во тоа тело. А САД редовно ги информираат своите сојузници за состојбата на нуклеарните планови.

Да биде во таа група во НАТО е исклучително важно за Германија, како што постојано истакнуваат членови на германската влада. „Тие веруваат дека ќе имаат можност да влијаат врз САД во случај на интервенција со атомско оружје. Колку што можам јас да проценам, тоа е чиста фантазија“, оценува Ханс Кристенсен, директор на Нуклеарниот информациски проект во Федерацијата на американски научници во Вашингтон.

„Без Германија сѐ ќе пропадне“

Тој никогаш од ниеден претставник на американската војска или Пентагон не слушнал дека „особено би го зел предвид германскиот став во врска со интервенција со атомско оружје“, истакнува Кристенсен. Но, политичарите на владејачките парти во Берлин не се согласуваат со тоа. „Во моментот кога ќе се повлечеме, никој повеќе нема да нѐ прашува како треба да се развива понатаму нуклеарната стратегија на НАТО“, вели Фриц Фелгентрој, пратеник на СПД во Бундестагот.

Но не станува збор само за тоа да се има пристап до информациите, истакнува познавачот на приликите во НАТО Хајнрих Браус. Тој пензиониран генерал-полковник бил советник во НАТО за прашањата за заплашување.

„Ако Германија се повлече од учеството во нуклеарната програма и распределбата на товарот, тогаш ќе излезат и други земји, како Белгија, Италија и Холандија“, смета Браус, кој во НАТО бил задолжен за одбранбена политика и воените сили. Тој смета дека, без една воено важна земја како Германија, „целиот систем би бил прилично разнишан или сѐ би се урнало“. „Зошто САД треба самите да го носат товарот на нуклеарниот ризик, ако станува збор за заштитата на Европа?“, наведува Браус.

Рускиот фактор

Пред десет години, на крајот на март 2010, Бундестагот од сојузната влада со големо мнозинство побара „силно да се заложи за повлекување на американското атомско оружје од Германија“.

Но ниедна од трите влади под раководство на Ангела Меркел не се осмели на тој чекор. Откако пак Русија во 2014 го анкетираше Крим, и во западна Русија постави проектили со среден дострел способни да носат нуклеарни боеви глави, повлекувањето на атомското оружје повеќе не е опција.

„Ние така демонстрираме дека сме на страната на Американците“, вели еден пилот на „торнадо“ кој долго бил стациониран во Бихел. „Ако ние повеќе не соработуваме, САД б го засилиле притисокот врз нас“. Притоа, американскиот претседател Доналд Трамп не пропушта прилика од европските НАТО сојузници да побара повеќе да се ангажираат во трошењето пари за безбедноста.

Скапа програма на модернизација

Десет години од одлуката на Бундестагот претстои модернизација на американските атомски бомби Б61-3 и Б61-4, кои се стари барем 30 години и се на крајот на својот употребен век.

Тие треба да бидат заменети со сосема новата бомба Б61-12, која е поподвижна и попрецизна. Според мислењето на Кристенсен, станува збор за „значителна воена предност“.

Предност која САД прилично ќе ги чини: се проценува околу десет милијарди долари. „Постојат пресметки според кои би било поевтино бомбите да се изработат од чисто злато“, истакнува Кристенсен.

„Операција замена на бомбите“

Критичарите стравуваат дека поради новите бомби кои би можеле попрецизно да ги гаѓаат целите, би можела да порасне опасноста од нуклеарни напади. „Лично стравувам дека повторно ќе се разгори конфликтот на релација Исток-Запад“, вели Елке Колер, која за својот ангажман против нуклеарното оружје во 2019 ја доби Ахенската мировна награда. И експертот за вооружување Тобијас Линднер од Зелените смета дека е „можно да се замисли преминување на нуклеарниот праг“ со новата генерација на нуклеарно оружје.

Сепак, сѐ уште не се знае кога новите, модерни бомби ќе стигнат во малото место Бихел во Германија. Експертите сметаат дека тоа ќе се случи најрано во 2022. Во секој случај, замената на бомбите ќе се изврши во најголема тајност, смета еден од пилотите на борбените авиони, кој добро ја познава базат Бихел. „Кога пистата се блокира, не се знае дали американските авиони довезуваат кока-кола или одвезуваат бомби“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе