Избегнувајќи ги ограничувањата

Русите со трикови пристапуваат до западните платформи за забава

За руските корисници, гледањето телевизиска серија на американскиот сервис за стримување Нетфликс или преземањето нова онлајн-видеоигра од Стим порано се состоеше од само неколку кликања.

Фото: Пиксабеј

Но егзодусот на западните компании по руската инвазија на Украина им го отежна пристапот до стотици популарни платформи за забава, создавајќи мрежа на посредници, честопати од странство, за да им овозможат на Русите да продолжат да ги користат своите омилени онлајн-услуги.

Најголемиот проблем за многумина беше повлекувањето на Виза и Мастеркард од рускиот пазар, што значи дека тие немаат начин да ја платат претплатата. Службата за плаќање Пејпал исто така ги прекина своите услуги во Русија.

Нетфликс и другите големи стриминг-служби како Спотифај, Епл ТВ+, Мегого и Амазон прајм, како и други големи платформи како провајдерот на порнографија Порнхаб, сите бараат месечни плаќања - како и платформите за игри како Бетл.нет, Стим, Иксбокс и Плејстејшн.

Едно популарно решение е за претплатата да користите картичка на роднини или пријатели во странство.

Ако за плаќањето употребат неруска картичка, Русите можат да продолжат да гледаат емисии на Нетфликс или да стримуваат Спотифај - сè додека вклучат ВПН, кој ја крие нивната физичка локација.

Репортерот на Москва тајмс употребил таков трик за да пристапи до Нетфликс во Русија и можел да продолжи да ја користи услугата откако бил додаден на профилот на пријател со седиште во Индија.

Фото: Пиксабеј

Сепак, не секој руски корисник има пријател во странство што е спремен да помогне.

За таквите луѓе постои растечка мрежа на онлајн-посредници, кои нудат место на профилите со пристап за повеќе луѓе на платформите за забава.

Стотици огласи на популарниот руски онлајн-пазар Авито нудат пристап до „семејните“ претплати на Нетфликс, Спотифај, Иксбокс, Плејстејшн и други платформи. Пред војната, претплатата на Нетфликс премиум во Русија чинеше до 999 рубли (17 долари) месечно. Сега таа на Авито може да се купи за 390 рубли (6 долари) месечно или помалку.

Слични шеми користат руските гејмери, кои повеќе не можат да користат руски банкарски картички за да купуваат на западните платформи за игри.

Продавачите на онлајн-пазарите како Авито и Плати.ру продаваат „клучеви“ за видеоигри што се купени во странски земји - особено Аргентина, Ерменија и Казахстан - каде што цените се пониски, објави порталот за игри Сајберспорт.

Овие клучеви чинат отприлика до 20 долари, според онлајн-огласите прегледани од Москва тајмс. На пример, онлајн-играта „Повик на должност: модерно војување“ (Call of Duty: Modern Warfare) може да се преземе бесплатно од нелегални руски торент-вебсајтови, а клучот на Плати.ру може да се купи за 13 долари.

Но ризикот од измама е голем со таквите опции.

„Мора да се провери колку е доверлив продавачот - погледнете ги рецензиите и оценките“, предупредува еден водич за онлајн-гејмери објавен од руското банкарско списание Тинкоф журнал.

„Во 99% од случаите таквите понуди се лажни“, рече Владимир Макаров, експерт од консултантската фирма за ИТ-безбедност Т.Хантер. „Во преостанатиот 1% од случаите зборуваме за купување нова претплата или за украден профил“.

Во исто време, сè уште има неколку начини Русите да вршат меѓународни финансиски трансакции - иако тие одземаат многу повеќе време.

Некои компании нудат дополнувања за руски регистрирани профили на популарната страница за игри Стим. МТС банк, финансиско-технолошката единица на најголемиот руски мобилен оператор МТС, обезбедува таква услуга преку својата апликација, иако предупредува дека провизијата може да биде и до 22%.

Казахстан неодамна затвори програма со која странците можеа да добијат Индивидуален идентификациски број (ИИН) преку интернет, кој им дозволува да отворат банкарска сметка во Казахстан, бидејќи бројот на апликациите за ИИН од странци, наводно, се зголемил за 16 пати од март.

Сергеј (27), кој живее во Санкт Петербург, рече дека е лесно да се најдат информации за „дупките“.

Пред да добие казахстански ИИН и да плати преку казахстанска банкарска сметка, Сергеј рече дека ја користел апликацијата за управување со финансии Банкоф за да плаќа на западните страници. Тој префрлил пари на својата сметка во Банкоф откако купил криптовалута со рубли.

Но оваа дупка беше затворена во мај, по протестите на Виза и Мастеркард.

Рускиот давател на платежни услуги Киви сè уште може да се користи за плаќање на западните платформи за забава. Сергеј вели дека тој и другите руски корисници биле во можност да купуваат игри на Стим со размена на рубли за казахстански тенги преку Киви.

Понекогаш, наједноставниот начин за пристап до платформите за забава е со маскирање на локацијата со помош на ВПН. Репортерот на Москва тајмс можел да користи профил на Спотифај со најавување со ВПН, кој неговата локација ја покажува како да е надвор од Русија.

Сепак, ВПН-ите не функционираат секогаш - и не само затоа што сѐ поголем број забавни платформи автоматски ги блокираат корисниците со ВПН.

Иако избегнувањето на националните правила е прекршување на договорот со Спотифај и другите западни забавни компании, тоа е дозволено во Русија.

„Од правна гледна точка, користењето Тор или ВПН не е опфатено во ниеден член од Кривичниот законик“, рече експертот Макаров.

Дури и Русите што живеат во странство сè уште имаат проблеми со пристапот.

Откако Гугл го блокираше пристапот до Јутјуб премиум и до Нетфликс за сите профили на Гугл регистрирани од територијата на Русија, Александра, руска државјанка што живее во Индија, која побарал анонимност за да зборува слободно, рече дека не може да ја користи ниту својата индиска банкарска картичка за да плаќа.

„Беше многу страшно. Сите мои податоци се во Гугл, тоа е како мојата дигитална душа“, рече таа.

Многу од нелегалните шеми за пристап до западните забавни содржини потсетуваат на практиките раширени во раните 2000-ти, кога корисниците користеа торенти, рече експертот Мараков.

„Ние сега се враќаме во времето кога требаше да одите во физичка продавница за да купите нешто или да пребарувате опции на интернет не знаејќи дали тие се измама или не. Другата опција е да користите торенти - само преземете и гледајте“, рече Макаров.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе