Русите се неодлучни околу останувањето на Путин на власт

Русите имаат поделени мислења околу тоа дали треба претседателот Владимир Путин да остане на власт откако ќе му заврши мандатот за четири години, извести најголемиот национален независен институт за истражување на јавното мислење.

Според истражувањата низ целата земја за тоа дали треба Путин да го напушти челното место во државата по 2024 година, 46 отсто од анкетираните кажале дека треба, додека 45 отсто кажале дека не треба, според анкетите на центарот Левада.

67-годишниот Путин е на челото на државата како претседател или премиер две децении. Тој е најдолговечниот руски или советски лидер по Јосиф Сталин.

Земјата за два месеци ќе гласа за измените на уставот, од кои некои ќе му овозможат на Путин на одреден начин да ја задржи власта и откако ќе му истече мандатот.

Четвртина од анкетираните во националната анкета кажале дека планираат да гласаат во корист на измените, а 10 тосто кажале дека ќе бидат против. Најголемиот дел од популацијата, 37 отсто, кажале дека планираат да гласаат, но дека сѐ уште не знаат како ќе се изјаснат.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе