Ројтерс: Украинците со новото американско оружје ќе можат да напаѓаат длабоко зад руските линии

Пентагон размислува за предлогот да ја снабдува украинската војска со евтини, мали прецизни бомби кои би биле поставени на ракети. На тој начин САД би ја задоволиле растечката украинска побарувачка за оружје и би ѝ овозможил да нападне територии длабоко зад руските линии, пишува Ројтерс.

EPA-EFE

Додека воените залихи на западните сојузници пресушуваат, Украина се соочува со сè поголема потреба за пософистицирано оружје. Предложениот систем, наречен ГЛСДБ (Ground-Launched Small Diameter Bomb), е само дел од плановите за почнување производство на ново оружје за Киев и други источноевропски сојузници, потврдиле извори од индустријата.

Соединетите Американски Држави ги одбија барањата за ракети АТАЦМС со дострел од 295 километри, но дострелот на ГЛСДБ од 150 километри би им овозможил на Украинците да гаѓаат воени цели кои досега им беа надвор од дофатот. ГЛСДБ би можел да биде испорачан на пролет следната година.

ГЛСДБ комбинирал ГБУ-39 бомба со мал дијаметар со ракетен мотор М26, а САД имаат доволно резерви од наведените бомби и ракетни мотори. Оваа најава доаѓа по минатонеделната потврда од Пентагон дека сакаат да го забрзаат производството на артилериски гранати од 155 милиметри.

Овие артилериски гранати во моментов се произведуваат само во владините погодни, но сега би требало да им се дозволи и на приватни произведувачи да ги произведуваат. Руската инвазија на Украина не ја поттикна само побарувачката на Киев за оружје и муниција туку и на американските сојузници од Источна Европа.

Том Карако, експерт за оружје и безбедност во американскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии, смета дека американското брзање со производството на ново оружје може да се објасни со исцрпување на резервите. Тврди дека залихите „станале ниски во однос на нивото кое Американците сакаат да го имаат при рака и кое им е потребно да се спречи конфликт со Кина“.

Карако оцени дека на САД по повлекувањето од Авганистан им останале на располагање многу авионски бомби. Свесен е дека авионските бомби не можат да се користат со украинските авиони, но заклучува дека треба да се бараат иновативни начини за да се употребат во Украина.

ГЛСДБ заеднички ги изработуваат СААБ и Боинг, а на неговиот развој почнале да работат во 2019 година. Предноста на системот е што не е скап, и неговите главни компоненти се лесно достапни.

Портпаролот на Пентагон, поручникот Тим Горман, одби да ги коментира нагаѓањата за испраќање на новото оружје на Украина, но истакна дека САД и сојузниците „ги идентификуваат и разгледуваат најсоодветните системи“ за да помогнат на воените напори на Киев.

Според предлогот на Боинг до Европската команда на американската војска (ЕУКОМ), која го надгледува оружје кое оди во Украина, главните компоненти на ГЛСДБ би требало да доаѓаат од американските магацини. Пентагон на располагање има многу ракетни мотори М26, а бомбата ГБУ-39 чини околу 40 илјади долари.

На сајтот на СААБ пишува дека ГЛСДБ е воден со ГПС и може да спречи некои електронски попречувања, а употреблив е во сите временски услови и може да се користи против оклопни возила. ГБУ-39 би функционирал како боева глава на системот, а малите крила би му овозможиле да лета повеќе од 100 километри кога ќе се лансира од авион.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе