„Состојбата е сериозна“

Проблеми меѓу Франција и Германија, одложена важна заедничка седница

Разликите во ставовите меѓу Париз и Берлин предизвикаа одложување на заедничка седница на француската и германската влада која требаше да се одржи на 26 октомври за јануари. По најавата од медиумите, германската влада денес и официјално го потврди одложувањето на средбата.

EPA-EFE

„Постои цела низа прашања за кои сè уште не сме постигнале заеднички став“, објасни портпаролот на германската влада Штефен Хебештрајт одговарајќи на новинарско прашање за несогласувањата меѓу Берлин и Париз. Не сакаше да открие детали за преговорите кои се во тек кажувајќи дека постојат и „логистички тешкотии“ за некои министри, „кои поради други обврски не можат да присуствуваат на седницата“.

Но, според некои извори, меѓу Париз и Берлин се натрупале несогласувања околу војната во Украина.

„Секогаш постоеле периоди на несогласување, но сега е најсериозно“, кажа Жак Пјер Гужон, експерт за Германија во институтот Ирис во Париз. Како главни проблеми се спомнуваат енергетската криза, воената соработка и заедничкиот проект за вооружување.

Хебештрајт сепак истакна дека германскиот канцелар е „во многу тесен контакт со претседателот Макрон“, потсетувајќи дека двајцата лидери ќе разговараат утре, пред самитот во Брисел.

Кажа и дека се размислува за состанок во Париз во среда меѓу канцеларот Олаф Шолц и Емануел Макрон, но без министрите. Заедничката седница на француската и германската влада се одржува еднаш до два пати годишно, наизменично во Франција и Германија.

Париз не е задоволен од новиот германски план за помош на економијата и домаќинствата поради инфлацијата во вредност од 200 милијарди евра, додека германските Зелени, дел од владата на Шолц, ја критикуваат француската нуклеарна програма која се заканува на снабдувањето на двете земји. Берлин заговара обнова на проектот за изградба на гасовод меѓу Шпанија и Германија, на што Франција се противи, а тензиите се сè поголеми и во областа на одбраната.

Берлин го промовира проектот на противракетен штит со израелска компонента, на кој сакаат да се придружат 14 европски земји, вклучувајќи ги Британија, балтичките земји, Холандија и Финска, додека Париз на страна заговара сопствен проект.

„Се стекнува впечаток дека Германија е осамен јавач додека постои француско-италијанско решение“, кажа извор запознаен со ситуацијата, кој смета дека е „штета тоа што Германците купуваат израелско решение“, што ја оддалечува од принципот на стратегиска автономија.

Идниот европски борбен авион исто така е голема пречка и постои ризик британскиот проект Темпест да заживее порано. Постои и лична димензија на проблемот. Лидерите на двете земји, според Гужон, „имаат многу различни темпераменти, различни политички пристапи. Шолц помалку комуницира со јавноста и мора да води смета за своите партнери“ во тројната коалиција која тешко се води.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе