Премиерските денови на Борис Џонсон му се изброени, но му се насмевнува НАТО

Британскиот премиер во оставка Борис Џонсон би можел да стане генерален секретар на НАТО, јавуваат светските агенции.

EPA-EFE

Џонсон би можел да ја преземе таа улога ако сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг поднесе оставка во септември следната година, наведува британски Телеграф.

Тоа на Џонсон би му дало една година да се опорави откако поднесе оставка на функцијата британски премиер.

Се верува дека Џонсон е фаворизиран за оваа улога поради „недовербата на Соединетите Американски Држави во која било личност од Европската Унија за преземање на оваа функција поради повторените сугестии за плановите за војска на ЕУ“, наведува британскиот весник.

На Британија ѝ веруваат и балтичките земји, а Џонсон лично доби меѓународни поени за помошта во изградбата на меѓународната (западната) коалиција против рускиот претседател Владимир Путин.

Пратеникот Ричард Дракс, висок конзервативен член на парламентарниот одбор за одбрана, кажа дека би го поддржал премиерот во заминување за таа функција доколку тој тоа го сака.

„Секој угледен Британец би бил одличен избор. Ако е тоа тоа што Борис Џонсон сака да го прави, нормално дека би го поддржал“, кажа Дракс.

„Луѓето веројатно со години ќе се караат околу наследството на Борис Џонсон, но едно нешто кое очигледно не е спорно е неговата апсолутно цврста поддршка на Украина, соочена со руското варварство“, кажа пратеникот Марк Франсоа, друг член на британскиот одбор за одбрана.

Се истакнува дека ако Џонсон се пријави да стане генерален секретар на НАТО, дека би можел да се потпре на препорака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Меѓутоа, висок претставник на британското министерство за одбрана изрази сомнеж во врска со именувањето, бидејќи постои веројатност Емануел Макрон, францускиот претседател, да стави вето.

„Реалноста е секретарите на НАТО да се именуваат со едногласна одлука. Секоја земја може да стави вето. Мислите дека Макрон би го поддржал Борис Џонсон за секретар на НАТО? Тоа е предизвик за Британецот. Треба САД да го поддржат и Французите да кажат „да““, кажал извор за британски Телеграф.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе