Голема анкета

Повеќето Германци се за задолжително вакцинирање, но и за многу строги мерки

Германија е среде четвртиот бран на коронавирусот и се бори со рекорден број инфицирани.

EPA-EFE

Граѓаните низ земјата се загрижени. Секој трет стравува од заболување со ковид-19. Но уште повеќе од тоа стравуваат да не ги заразат децата кои сè уште не се вакцинирани, и најмногу се плашат од потежок облик на болеста кај постарите лица. Сето ова произлегува од најновото истражување на јавното мислење Дојчландтренд, кое за јавниот сервис АРД го спроведува Инфратест димап.

Шест од десет анкетирани се загрижени поради нови варијанти на вирусот, како омикрон, пренесува Дојче веле.

Исто толку, и значително повеќе отколку на крајот на минатата година, стравуваат од застоите во медицинското згрижување на заболените. Секое второ лице се плаши од самотија и од тоа дека во следните недели ќе мора да се откаже од средби со роднините, пријателите и познаниците. Во споредба со декември 2020, пораснала и загриженоста од економските последици на пандемијата.

Кој е одговорен за неуспесите?

Досегашната реакција на политичарите на четвртиот бран не делувала уверливо на Германците. Осум од десет анкетирани го критикуваат кризниот менаџмент на сојузната и покраинските влади, а само секое шесто лице е задоволно.

Сè уште актуелната (техничка) влада на Германија доби особено лоши оценки. Секое второ анкетирано лице ја смета за одговорна за тоа што не се реагирало порано и што земјата е во длабока криза. Од новата коалициска влада (СПД, Зелени и ФДП), која следната недела треба да го преземе кормилото, граѓаните очекуваат порешителен курс во корона-политиката.

Поддршка за задолжителното вакцинирање

Во четвртокот сојузната и покраинските влади усвоија поостри мерки за сузбивање на коронавирусот. Повеќето граѓани го поддржуваат тој курс. 60 отсто од анкетираните кажале дека сегашните мерки не се доволни, што е најголемиот процент за тоа прашање од избивањето на пандемијата. Само 20 отсто сметаат дека досегашните мерки се соодветни за актуелната ситуација, додека 17 отсто мислат дека се претерани.

Воведувањето задолжително вакцинирање има сè повеќе поддржувачи, но повеќето подржува и исклучување на публиката од фудбалските натпревари на Бундеслигата, построги ограничувања на контактите, како и затворање на баровите, кафулињата и божиќните саеми.

Од друга страна, повторното затворање на продавниците и рестораните би наишло на негодување. Анкетираните најмногу се противат на ограничувањата во училиштата и градинките.

Олаф Шолц зад Ангела Меркел

На 8 декември Олаф Шолц би требало да биде избран за нов канцелар на Германија. На политичката скала на поддршка политичарот на СПД и понатаму е на втората позиција, веднаш зад Ангела Меркел.

Од работата на Шолц се задоволни 51 отсто од граѓаните на Германија, а од работата на Меркел 68 отсто. На третото место е премиерот на Баварија Маркус Седер со 45 отсто, а следат идниот министер за клима и стопанство од Зелените Роберт Хабек со 42 отсто и претседателот на ФДП Кристијан Линднер со 38 отсто.

На парламентарните избори во септември СПД беше најголемата сила. Според истражувањето Дојчландтренд, таа партија и понатаму е на првото место, иако изгубила од популарноста. Од друга страна ЦДУ и ЦСУ, кои преминуваат во опозиција, бележат благ раст.

Кој најдобро се позиционираше во коалицискиот договор?

Таканаречената „семафор коалиција“ составена од СПД, Зелените и ФДП, два месеци работеше на коалицискиот договор. Која партија успеа да „голтне“ најмногу свои политички позиции? Според истражувањето, 37 отсто анкетирани сметаат дека тоа се либералите од ФДП, 32 отсто сметаат дека се социјалдемократите, а само 13 отсто ги сметаат зелените за најголеми добитници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе