Повеќето Американци сметаат дека демократијата им е во опасност

Речиси три четвртини американски гласачи тврдат дека демократијата е под закана во контекст на нападот на толпата врз американски Капитол, покажува ново истражување на Универзитетот Квинипак.

EPA-EFE

Анкетата на регистрираните американски гласачи на национално ниво објавена во понеделникот откри дека голем број републикански и демократски гласачи веруваат дека демократијата е под закана, и тоа 77 и 76 отсто од нив, додека независните се нешто помалку решителни да се сложат со тоа – 70 отсто од нив.

Повеќето гласачи, 56 отсто, изјавиле дека го сметаат американскиот претседател Доналд Трамп за одговорен за јуришот на американски Капитол минатата недела, додека 42 отсто кажале дека не го сметаат за одговорен.

Трамп повика илјадници свои поддржувачи да тргнат на протест пред Капитол на 6 јануари на протестот во близина на Белата куќа, каде, како и во претходните недели, ги изнесе неоснованите тврдења дека е измамен во обидот да биде реизбран.

Откако неговите поддржувачи влегоа во Капитол, Трамп на Твитер им порача да „останат мирни“ и да „ја подржат нашата полиција и полицијата на Капитол“, но на видео-снимка им кажа: „Ве сакам, многу сте извонредни“.

Повеќето гласачи, 52 наспрема 45 отсто, кажале дека Трамп треба да се отстрани од функцијата пред да ја напушти Белата куќа на 20 јануари.

Меѓутоа, распоредени по партии, големо мнозинство од републиканците, 87 отсто, сметаат дека Трамп не би требало да биде сменет од функцијата, додека огромно мнозинство демократи, 89 отсто, веруваат дека треба.

Независните се рамномерно поделени, со 55 отсто од оние кои се залагаат за смена и 43 отсто кои се противат на тоа.

Гласачите се исто така партиски поделени околу прашањето дали на претседателските избори 2020 година имало распространети измами со гласачите, како што тврди Трамп. Републиканците кажале дека имало широко распространета измама на гласачите – 73 на 21 отсто, додека кај демократите 93 отсто сметаат дека немало, а пет отсто дека имало измама.

Од независните 60 наспроти 30 отсто сметаат дека се случила широка измама на гласачите.

Гласачите биле поделени и околу тоа дали сметаат дека влегувањето во Капитол е обид за пуч. 47 отсто од нив сметаат дека тоа е обид за пуч, 43 отсто дека не е, а 10 отсто не се сигурни.

За неколку прашања гласачите биле речиси единствени, вклучувајќи го ставот дека поединците кои упаднаа во Капитол треба да одговараат, со што се сложиле 91 отсто од анкетираните.

Гласачите исто така се сложиле со 81 наспроти 12 отсто дека екстремизмот е голем проблем во Соединетите Американски Држави.

„Не постои амбивалентност за тоа како да се однесува кон толпата која се проби во Капитол, а републиканците и демократите имаат речиси исто ниво на збунетост поради екстремизмот кој создаде загрижувачко упориште“, кажа истражувачот на анкетата на Универзитетот Квинипак Тим Малој во соопштението за медиумите.

Осврнувајќи се на лидерството на новоизбраниот претседател Џо Бајден, само 31 отсто од гласачите веруваат дека Бајден ќе може да ја обедини земјата, додека 56 отсто кажале дека се очекува партиските поделби да останат исти.

Анкетата опфатила 1.239 регистрирани гласачи низ земјата од 7 до 10 јануари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе