Трамп, Тереза Меј и Путин

Политико: Кои ќе бидат победниците, а кои губитниците во 2017 година

Европската верзија на американскиот сајт Политико објави листа на политичари кои во следна година би можеле да бидат победници, но и губитници.

На првото место на листата на победниците се најде новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој следната година заедно со сопругата Меланија ќе се пресели во Белата куќа, а Политико се прашува дали во неа ќе остане „барем еден непозлатен дел кога на Трамп ќе му истече мандатот“.

На позитивната листа се најде и британската премиерка Тереза Меј која „има причини за насмевка“, а една од нив ќе биде можноста да стане национална хероина доколку преговорите за брегзитот завршат добро за Британија.

Од друга страна, доколку преговорите се неповолни, таа ќе може да се опише себеси како „борбена Британка која се судрила со перфидните континенталци“, и тогаш би можела да закаже општи избори на кои сигурно би имала на 12 отсто гласови повеќе.

Политико истакнува дека тоа што на листата победници е рускиот претседател Владимир Путин, кого го опишува како „мал, мускулест маж кој се прчи наоколу како паун“, не е никакво изненадување.

„Неговите воени маневри во Украина и Сирија ја обновија неговата мажественост, а демократските пресврти на Западот само покажуваат какви луѓе го предводат светот“, пишува Политико.

На листата можни победници во 2017 година е и кандидатката на Национален фронт на претстојните претседателски избори во Франција Марин Ле Пен, која „можеби нема да победи, но тешко е да се избегне и да не се слушне тоа што таа има да го каже“.

Листата на можни губитници во 2017 е многу шаренолика.

На нејзиниот врв се наоѓа воениот пакт НАТО, бидејќи со членки кои во неговиот буџет не издвојуваат ни два отсто од годишното БДП касата му е „загрижувачки тенка“.

Фризерот на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд се најде на листата губитници поради една единствена причина – по претседателските избори на 23 април ќе си ги спакува ножиците и ќе си замине од работното место на кое заработува по 10.000 евра месечно/

Меѓу губитниците порталот ја вбројува и актуелната германска канцеларка Ангела Меркел, за која тврди дека власта не ѝ е ни приближно толку стабилна како пред една година.

„Мостовите се уриваат, бунтот е во воздухот. Госпоѓа Меркел калкулира со емигрантската политика која предизвикува хаос во Европа“, пишува порталот.

Меѓу губитниците е и целиот сириски народ, за кој пишува дека тешко дека некој во Сирија ќе се чувствува добро во 2017 година.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе