Политико: Членството на Украина во НАТО е најголемо табу на Западот

Евентуалното членство на Украина во НАТО е тема за која многу официјални лица не сакаат ни да разговараат.

EPA-EFE

Кога Киев во септември побара забрзан пристап кон Северноатлантската алијанса, НАТО јавно го повторуваше својот принцип на отворени врати за сите заинтересирани, но не дадоа конкретен одговор. На минатонеделниот самит на министрите за надворешни работи на НАТО само е повторено магловитото ветување од 2008-та година дека Украина еден ден ќе стане членка.

Порталот Политико анализира зошто членството на Украина во НАТО е толкаво табу на Запад.

НАТО во моментов е поделен во врска со прашањето за влегувањето на Киев во клубот. Европските престолнини не сакаат дополнително да ја провоцираат Русија, свесни дека Москва се противи на ширењето на НАТО на исток. Уште поважно, членството во НАТО значи дека членките би морале да ѝ помогнат на Украина во случај да е нападната, а судирот е нешто што многумина сакаат да го избегнат.

Резултат на тоа е фактот што, додека Европа и САД ѝ праќаат на Украина воена помош вредна милијарди долари, ѝ воведуваат санкции на Москва поради воената операција и откажуваат од руските енергенти, членството на Киев во воениот пакт останува споредно во меѓународната политика.

Украинските политичари упорно повторуваат дека во секој поглед се членка на западната воена алијанса и дека заслужуваат брз пат во НАТО. „Ние, де факто, веќе го завршивме нашиот пат до НАТО и докажавме дека сме во согласност со стандардите на алијансата", рече украинскиот претседател Володимир Зеленски барајќи тоа да се "формализира".

Неговото барање многу блиски партнери на Киев ги изненади и ги шокира зашто се коси со планот на највлијателните членки на Алијансата: прво оружје, потоа разговори за членство. Тие сметаат дека таквиот пристап би ја лишил Москва од изговорот да го вовлече НАТО во директен судир.

НАТО е поделен во врска со прашањето за членството. Источните земји-членки се залагаат за поблиски врски на Киев и НАТО и за конкретен план за влез на земјата во членството. Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон многумина ги шокирал со повикот да се земе предвид и ставот на Москва за ширењето на НАТО на исток.

Други едноставно ја избегнуваат темата – не го отфрлаат барањето на Киев, но и не нудат конкретни одговори, туку само повторуваат дека сега е најважно да се фокусира на помагање на Украина да победи во судирот.

Таа поделба меѓу западноевропските престолнини, за кои членството на Украина е ултрачувствително прашање, и источните престолнини кои се залагаат за што побрз прием, дополнително е засилена со ситуацијата во Украина. „Некои земји едноставно не сакаат за тоа ни да разговараат зашто се плашат од реакцијата на Русија", вели Бен Шрир, директорот за Европа при Меѓународниот институт за стратешки студии.

Украинските официјални лица се свесни за проблемот, бараат дополнителни гаранции од НАТО во вид на активирање на членот 5 кој подразбира реакција на Алијансата во случај на напад на членка, кои многу веројатно нема да ги добијат зашто НАТО не сака судир со Русија.

Во случај Украина да остане "заглавена" во судирот, од нивното членство нема ништо, смета Макс Бергман, директор на европската програма во Центарот за стратешки и меѓународни студии.

„Но ако ја врати територијата и ако се согласи за границите – каде и да бидат тие граници и без оглед на тоа дали го вклучуваат Крим или не – тогаш работите може бргу да се одвиваат", додава тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе