Њујорк тајмс: Ангела Меркел е новата мета на Владимир Путин

Изборите во Германија ќе ја одредат иднината на ЕУ. Тоа го знае и Владимир Путин, поради што ќе се обиде да ја сопне Ангела Меркел на нејзиниот пат кон четвртиот мандат, пишува Њујорк тајмс.

Не е чудно тоа што Русија сосема смирено ја дочека веста за протерувањето на своите дипломати од САД, поради наводниот обид на Кремљ да манипулира со американските избори. Владимир Путин знае дека времето на Барак Обама истече, и дека на 20 јануари во Белата куќа влегуваат некои други луѓе, далеку понекритички расположени кога станува збор за Русија.

Од друга страна, Обама сепак ќе му недостига на Путин, смета Њујорк тајмс, бидејќи со неговото заминување ја губи својата главна „бабарога“. Во следните четири години САД нема да бидат државен непријател број 1. Нивното место, смета американскиот весник, ќе го заземе Ангела Меркел.

Германската канцеларка е соврешан мета. Есента 2017 носи нови парламентарни избори на кои Меркел ќе се обиде по четврти пат да го освои канцеларскиот мандат. На тие избори ќе се кандидираат и голем број политичари со растечка популарност кои имаат симпатии кон Москва.

Уште од анексијата на Крим во 2014, Ангела Меркел беше најгласна во казнувањето на Русија поради постапките во Украина. Следната година таа ги отвори вратите за милион бегалци, и го притисна остатокот од Европа да го направи истото, поради што во очите на националистите стекна имиџ на личност која ја разредува европската култура. Исто така, Меркел е една од последните големи политичари кои цврсто веруваат во интегрирана Европска Унија, на која не ѝ е потребна реформа. Исто така, не се плаши од политичко-економскиот бедем кон Русија.

„Германија ја очекува највалканата и најтешката политичка кампања во историјата“, истакнува американскиот весник, алудирајќи дека озлогласените руски хакери ќе се обидат да ја шпионираат и саботираат Ангела Меркел. Нешто слично правеше и американската НСА, која со години ја шпионираше германската канцеларка, за што постојат материјални докази и признание на САД.

Предноста на Меркел е во тоа што сега сите знаат со кои тактики и методи напаѓаат хакерите. Њујорк тајмс прави паралела со Студената војна, во која источногерманската Штази ја користеше тактиката „зерзетцунг“. Најдобриот превод на овој термин би бил политички еквивалент на она што се случува кога ќе истурите киселина врз огранска материја: растворање и дезинтеграција.

Њујорк тајмс тврди дека токму тоа е целта на Кремљ: да фрли сомнеж врз либералните норми и вредности на западниот свет, да ги дискредитира Европската Унија, НАТО и економијата на слободниот пазар. „Зерзетцунг“ треба да го убие карактерот и да рашири лажни вести низ кои фактите тешко можат да испливаат на површина.

Вакви примери се видени и претходно, како приказната за оружјето за масовно уништување кое наводно го поседуваше ирачкиот лидер Садам Хусеин, поради што беше извршена инвазијата во Ирак, за по неколку години да се утврди дека станувало збор за лажни информации.

Слични тактики користеле и ЦИА и КГБ при соборувањето на непожелните режими – ширење лажни гласини, психолошка војна и уништување политички кариери.

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе