Гардијан

Независно од тоа дали ќе победат или изгубат, републиканците по изборите ги чека граѓанска војна

Доналд Трамп го предводи движењето што ги уништи конвенциите кои цела една генерација управуваа со Републиканската партија, пишува британски Гардијан.

На крајот на неговата кампања, Трамп тврди дека предводи нешто поголемо од сопственото его. Во една од неговите ретки позитивни кампањи, се менуваат кадри од републикански митинг и неговиот нов хотел во Вашингтон. „Тоа е движење, а не кампања. Неговиот лидер Доналд Трамп сонува повеќе, гради поголемо“, се тврди во рекламата.

Од сите негови изјави, оваа е највистинита. Трамп го предводеше движењето кое ја смени целата Републиканска партија. Од противењето на трговијата до восхитот кон Путин и анти-НАТО ставовите, го прегази она кон што републиканците со години цврсто се држеа. Најголемата мистерија не е победникот на изборите, туку иднината на Републиканската партија, пишува Ричард Волф за Гардијан.

Трамп нема сопствени апарати во партијата па контролата може да му се одземе веднаш штом ќе се симне од бината.

Кевин Мејден, поранешниот портпарол на Мит Ромни не се сложува со тоа. „Колку побрзо се помириме со тоа дека Трамп нема да си замине, толку подобро“, вели тој. Смета дека Трамп ја сака светлината на рефлекторите и дека ќе го одржи неговата инфраструктура на донатори и волонтери, без оглед на резултатот на изборите.

Судир на погледи

„Мислам дека ќе се судрат два погледи на светот. Едниот ќе се обиде да го повтори Трамповото влијание, а вториот ќе се обиде што повеќе да се оддалечи од него. Ако морам сега да прогнозирам, мислам дека би победиле Трамп и неговите поддржувачи“, додава Мејден.

Оваа граѓанска војна веќе подолго време се спрема.

Џорџ В. Буш не успеа да ја убеди партијата да му се приклучи во врбувањето на гласачите од латино заедницата. Не можеа да си дозволат да им ги препуштат тие гласачи на демократите. Но, го надгласаа конзервативците па дури ни смекнатата програма не помина.

Стив Шмит, кој работел во кампањата на Буш во 2004 и во таа на Меккејн во 2008, смета дека појавувањето на Трамп и Берни Сандерс го загрозува економскиот поредок утврден по Втората светска војна. „Факт е дека нема друг пример за некој олку интелектуално, емоционални и морално неподготвен за освојување на власта во оваа земја. Тоа што воопшто се размислува за враќање на старото е лицемерно само по себе. Луѓето кои го поддржуваат Трамп, а цело време зборуваат за семејни вредности, намерно го игнорираат неговото однесување“, истакнува тој.

Јакнење на десничарскиот популизам

Шмит овие избори ги гледа како продолжување на трендот кој почна со брегзитот. Низ светот јакне десничарскиот популизам кој се базира врз тоа работниците да ги губат работните места, платите на средната класа да стагнираат а младите да имаат сѐ помалку шанси за наоѓање работа.

„Во Америка секогаш постоело прашањето дали нам може да ни се случи белиот национализам?“, вели Шмит. И покрај тоа што не се сложуваат со Трамп лично, републиканците ќе гласаат за него само Хилари Клинтон да не дојде на власт.

Шмит тврди и дека републиканците може само да се надеваат дека сите лудаци што го поддржуваат Трамп во партијата се престари. Не е нешто, но може да се надеваат дека тоа движење ќе умре од природна смрт.

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе