Најмоќната жена на Северна Кореја тукушто стана уште помоќна

Ким Јо Џонг, помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, е именувана за член на Комисијата за државни работи, водечкото политичко тело во Северна Кореја. Ова не е неочекувано, бидејќи е познато дека нејзиниот покоен татко Ким Џонг Ил многу го ценел нејзиниот интерес за политика, а своевремено се зборуваше дека таа требало да го наследи таткото по смртта.

EPA-EFE

Ким Јо Џонг веќе е една од најзначајните политички личности во земјата и главен советник на својот брат, но местото во Комисијата на чие чело е токму Ким Џонг Ун е највисоката позиција на која е именувана. Се верува дека таа е личност од најголема доверба на својот брат Ким Џонг Ун и негова десна рака, а јужнокорејските разузнавачки служби ја сметаат за втора во командниот синџир, иако нејзиниот официјален статус до сега не е дефиниран.

Која е таа?

Ким Јо Џонг, која во последно време привлекува повеќе внимание од својот брат, е најмладото дете на Ким Џонг Ил и неговата втора сопруга Ко Јонг Хуи. Нивниот татко, Ким Џонг Ил, наводно имал многу високо мислење за својата ќерка и многу го ценел нејзиниот интерес за политика, кој го покажала многу рано.

Американците сметаат дека е родена на 26 септември 1989 година, додека јужнокорејски извори сметаат дека е родена на 26 септември 1987 година.

Познато е дека е родена во Пјонгјанг и дека го минала поголемиот дел од животот во резиденцијата на својата мајка, растејќи со браќата и сестрите. Меѓу 1996 и 2000 студирала со постарите браќа во Берн во Швајцарија, а се претставувала под името Пак Ми Хианг. За тоа време развила близок однос со братот Ким Џонг Ун. По враќањето во Пјонгјанг дипломирала информатика на Универзитетот Ким Ил Сунг.

Во 2007 година е именувана за помлад кадар во владејачката Работничка партија на Кореја. Во 2009 и 2010 била активна во воспоставувањето на кампањата за наследување на својот татко, работела во Националната комисија за одбрана и во личниот секретаријат на својот татко. Почнувајќи од март 2009 се придружила на групата блиски соработници и членови на семејството кои се појавувале со нејзиниот татко на јавните настани.

Станува позната по погребот на нејзиниот татко

Сестрата Ким доби голем публицитет за време на погребот на својот татко во декември 2011. Се појави со братот и водечките групи високи партиски функционери. На почетокот на 2012 година наводно добила место во Националната комисија за одбрана како менаџер за патувањата на својот брат, средувајќи ентериери, распореди, логистички потреби и безбедносни аранжмани.

Сестрата на Ким за првпат се појавува во медиумите во 2014 година, кога го придружуваше својот брат на гласањето за Врховното народно собрание. Именувана е за „висок функционер“ на Централниот комитет. Во октомври 2014 година е објавено дека ја презела должноста на својот брат додека тој бил на лекување. Следниот месец беше именувана за прв заменик на директорот на Одделот за пропаганда и агитација на партијата.

Киме била одговорна за помагање и зацврстување на моќта на Ким Џонг Ун. Таа е и потпретседателка на владата, но нејзиниот ресор не е познат. Таа редовно го придружува Ким Џонг Ун на неговите патувања.

Движечка сила

Медиумите за неа пишуваат како за „движечка сила во развојот на култот“ на личноста на својот брат, пк примерот на нивниот дедо Ким Ил Сунг. Еден човек кој бил дипломат во Северна Кореја па успеал да побегне, кажа во 2017 година дека сестра му на Ким ги организира сите јавни настани во Северна Кореја.

Таа го поттикнала братот да претстави слика на „човек од народот“, на пример со возења по панаѓури и со неговиот пријател кошаркарската ѕвезда Денис Родман.

Во 2017 година беше ставена на списокот на американскиот Стејт департмент како една од одговорните за кршењето на човековите права во Северна Кореја.

Ким Јо Џонг присуствуваше на 9 февруари 2018н година на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја. Тоа беше првпат по Корејската војна член на владејачката династија Ким да ја посети Јужна Кореја.

Тогаш се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин на кого му предаде писмо од Ким Џонг Ун.

Таа го придружуваше својот брат на самитот на Северна Кореја и САД во Сингапур во 2018 година, како и на самитот на Северна Кореја и САД во Ханој во 2019 година.

Ким беше избрана за претседателка на Врховното народно собрание за време на изборите во Кореја во 2019 година. Во април истата година беше тргната од Политбирото, а потоа беше вратена на таа функција во април 2020 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе