Вашингтон пост

На годишнината од Денот Д, потсетник за вистинското лидерство

Генералот Двајт Д. Ајзенхауер им ја дава наредбата на денот, „целосна победа - ништо друго“, на падобранците во Англија на 6 јуни 1944 година

Овој ден редовно се одбележуваше во уредничките коментари во весниците: денот кога сојузничките сили ја нападнаа Европа и го почнаа долгиот, крвав марш кон Германија. Со текот на времето, обичајот згаснуваше, но сепак уредниците на весниците секоја година добиваа писма во кои некој се жали поради отсуството на одбележување на 6 јуни, писма претежно од сè потесниот круг на луѓе што премногу добро се сеќаваа на тој ден.

Денес вреди да се оживее обичајот, ако ништо друго и само поради лекцијата што ја содржи за лидерството и неговите обврски - лекција што се чини дека во голема мера многу наши лидери ја заборавиле.

Во јуни 1944 година, Двајт Д. Ајзенхауер, врховниот командант на Алијансата, се соочи со страшен избор дали да продолжи со инвазијата на Нормандија. Времето беше ужасно, шансите за огромни жртви премногу реални. Но одложувањето би било катастрофално, веруваше Ајзенхауер. Тој донесе одлука да се продолжи.

„За време на мрачното затишје меѓу одлуката и инвазијата, Ајк начкрта кратка белешка и ја пикна во својот паричник, што му беше обичај пред секоја голема операција“, пишува Тим Ривс, заменик-директор на претседателската библиотека Ајзенхауер. Има голема шанса да сте ја прочитале досега, но вреди да се погледне уште еднаш; има посебно значење на овој Ден Д. Ајзенхауер имал намера таа да биде објавена во случај инвазијата да биде поразена. Белешката едноставно вели:

„Нашите слетувања во областа Чербург-Хавр не беа доволно успешни и јас ги повлеков трупите. Мојата одлука за напад во ова време и место се засноваше на најдобрите достапни информации. Војниците, пилотите и морнарицата направија сè што можат да направат храброста и посветеноста кон должноста. Ако на овој обид му биде припишана каква било вина или грешка, тие се само мои“.

„Ајк ја презираше помпезноста и во зборовите и во постапките“, пишува Ривс. „Не му се допаѓаа 'препредениот говорник' и 'трескачот по маси'. Театралните гестови или рецитирањата не му беа стил.“

Но во последната реченица на набрзина напишаната белешка од пред 76 години, идниот претседател кажува сè што треба да се каже за суштината на лидерството и лоцирањето на одговорноста, со зборови што денес не се слушаат често, и никогаш од нашиот претседател кога треба некому да му се припишат вина или грешка, се вели во уредничкиот коментар на Вашингтон пост.

Легенда под Главна слика

Генералот Двајт Д. Ајзенхауер им ја дава наредбата на денот, „целосна победа - ништо друго“, на падобранците во Англија на 6 јуни 1944 година

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе