Кремљ во војна против Јутјуб

Последните реакции на Јутјуб на руската пропаганда толку ја разгневиле Москва што се заканува со санкции на странските платформи поради „цензура“. Но коментаторот на Дојче веле Александар Пљушев е уверен дека Русија нема да го блокира Јутјуб.

EPA-EFE

Двонеделните тиради на руските власти и телевизиските пропагандисти против Јутјуб резултираа со предлог закон. Предвидени се санкции против странските интернет платформи доколку ги цензурираат руските медиуми.

Претходно руската служба за надзор на медиумите Роскомнадзор со писмо побара од Гугл да ги врати снимките од јутјуб каналот Соловјов лајв на листата на најгледани видеа. Познатиот модератор Владимир Соловјов од државната телевизија е истакнато лице на руската пропагандна машинерија, пишува Дојче веле.

Брзањето со кое се подготвува законот покажува дека за нападот врз Јутјуб постојат подлабоки причини. Само како повод служеа снимките на Соловјов и контроверзата околу филмот на руската државна телевизија за заложничката криза и колежот во Беслан во 2004 година. Јутјуб означи дека филмот има „непримерни и навредливи содржини“ што секогаш води кон намалување на гледаноста и видливоста.

Вистинската цел на нападот се крие во фактот дека телевизијата како најважно пропагандно средство на државата рапидно ја губи публиката. Таа заминува на Јутјуб, а таа платформа не е под руска контрола.

Целта на руските институции не е да ја блокираат најголемата видео-платформа во светот, бидејќи, ако го сакаа тоа, ќе најдеа начин да применат други, веќе постоечки закони. Освен тоа, блокадата на глобалните платформи се покажа како лошо искуство, без оглед дали станува збор за платформи за онлајн плаќање или резервација на термини. Блокада ги нервира сопствените граѓани и тоа му се враќа на Кремљ како бумеранг.

Како и кај целосната блокада, постои опасност технички пречки да се јават на други платформи или да избие масовно незадоволство кај милиони Руси кои се информираат или забавуваат преку Јутјуб. Заблуда е да се очекува дека аполитичните корисници на Јутјуб во тој случај ќе ја обвинат американската платформа. Напротив, брзо ќе им стане јасно за што станува збор. Затоа идниот закон предвидува парични казни и успорување на протокот на податоците за оние кои Кремљ ќе ги прогласи за виновни. Технички тоа е можно, но исто така носи ризици.

Веќе две децении руските функционери истото го пробуваат со секоја платформа која ќе стане популарна – сакаат да ја купат или зауздаат или, ако тоа не им успее, да ја пополнат со свои агенти и инфлуенсери. Од официјалните руските медиуми, до анонимни веб-канали и влогери кои службите ги хранат со информации – сешто има на Јутјуб.

Затоа актуелните чекори на руската држава се всушност начин да се зајакне преговарачката позиција. Бидејќи, Кремљ одамна разговара со Гугл/Јутјуб. Идејата е се испреговара подобра позиција за руските пропагандни канали или барем да се добијат гаранции дека позицијата нема да се влоши.

Досега Јутјуб сè уште не повлекол сериозни чекори против руските медиуми и автори, без оглед колку објавуваат лажни вести, пропаганда или плагирани содржини. А ако некое видео од време на време е исфрлено од трендовите, уште подобро – тоа секогаш служи како повод да се повторат тврдењата за цензура на американските платформи, пишува Дојче веле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе