Ќе стане ли Канада годинава првата пост-национална држава во светот?

Во 2017 година Канада би можела да остане последната емиграциска нација во светот. Канадската влада и повеќето Канаѓани се исклучок по тоа што и понатаму веруваат во вредноста на емиграцијата, пишува за Гардијан Чарлс Форан, директор на Институтот за канадско државјанство.

Канада прими 300.000 нови емигранти во 2016 година, од што 38 илјади бегалци. Дури 85 отсто од трајните жители на Канада на крајот стануваат државјани. Годишната емиграција сочинува 1 отсто од моменталната популација на Канада од 36 милиони луѓе.

Поширокиот регион на Торонто стана етнички најразноводниот на планетата – половина од неговите жители се родени надвор од земјата. Ванкувер, Калгари, Отава и Монтреал не се далеку зад Торонто. И покрај актуелната загриженост поради примањето на мажи самци од арапските земји, Канада во принцип им нуди добредојде на луѓето од сите вери и националности.

„На светот му треба повеќе Канада“

Канада во последно време и премногу е фалена за тоа што, всушност, продолжува исто како и досега, додека другите западни земји се свртеа против емиграцијата. Минатата година Боно и Барак Обама заедно изјавија дека „на светот му треба повеќе Канада“. Во споредба со растот на нативизмот и национализмот, речиси веселата предаденост на Канада на инклузивноста може на прв поглед да изгледа наивна.

Но не е така. Постојат практични причини за тоа што канада ги држи вратите отворени, објаснува Форан. Од деведесеттите години на минатиот век, опаѓањето на наталитетот и сѐ постарото население доведоа до пад на канадскиот демографски раст. Пред десет години, две третини од демографскиот раст отпаднаа на емиграцијата. До 2030 според проценките ќе сочинува 100 отсто.

Економскиот ќар е исто така евидентен – разноликоста го помага, а не го поткопува напредокот. Но освен практичните причини, Канаѓаните според менталитетот се свртени кон отвореноста кои некои ја гледаат како збунувачка, но не и невнимателна.

Трудо: Канада е првата пост-национална држава

Премиерот Џастин Трудо ја артикулираше таа отвореност кога во октомври 2015 изјави за Њујорк тајмс дека Канада би можела да стане „првата пост-национална држава“ и дека „нема коренски идентитет, нема мејнстрим во Канада“.

Германскиот министер за емиграција Михаел Бах, кој ја посети Канада за да научи повеќе за нејзиниот модел за емиграција, беше вџашен од таа изјава. „Ниеден европски политичар не би го изјавил тоа, премногу е радикална“, кажа Бах.

За Европејците, идејата за национална држава е и понатаму недопирлива, колку и да е непримерна за времето на порозни граници и масовни емиграции. За Канаѓаните, меѓутоа, идејата не е посебно контроверзна. Големиот канадски писател Мавис Гајан го дефинирал Канаѓанецот како „секој оној кој има логична причина да мисли дека е Канаѓанец“. Трудо всушност го артикулираше клучниот принцип на Канада во 21 век.

Канадскиот пост-национализам е идеолошки проект стар половина век, а всушност влече корени со векови наназад, уште пред Канада да биде воспоставена како национална држава во 1867 година. Европските доселеници од самото доаѓање на континентот почнале да ги усвојуваат идеите на домородците за  повеќекратни идентитети и припадности. Притоа мора да се признае дека им направиле голема штета во текот на 19 и 20 век. Но меѓусебното влијание останало.

Во буквална смисла, Канада не е пост-национална, има граници и територијална надлежност како и секоја друга држава. Освен тоа, за својата отвреност, економскиот просперитет и опуштеноста околу границите и војската поприлично треба да му заблагодари на својот помоќен јужен сосед, САД. За нештата да бидат покомплицирани, франкофоната провинција Квебек е веќе практично посебна нација, како и педесетте домордни Први нации низ земјата. Канада до шеесеттите години на минатиот век беше под сенката на британската империја.

Суровиот популизам кој доведе до изборот на Трамп и брегзитот нема да исчезне во 2017 година, нормално, особено со предизвикот на сѐ поголемиот број емигранти. Но решението е еволуцијата на општеството како одговор на кризата. Канада тука може да биде многу корисен модел, заклучува Форан.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе