Блумберг

Како Обама спектакуларно го упропасти својот проштален говор

Простувањето на американскиот претседател Барак Обама од нацијата е можеби најголемото промашување во неговата политичка кариера, пишува Џонатан Бернстин за Блумберг.

„Штета, бидејќи тука некаде имаше извонреден говор кој едноставно не можеше да избие на површината.

Да почнеме од она што не функционираше.

Основниот проблем беше што настанот и говорот не беа усогласени. Јадрото на говорот беше класично простување насочено кон нацијата, лекциите научени во последните осум години.

За жал, тоа главно беше загубено во немирот на долгите говори на поделените личности. Така Обама се префрлаше меѓу предизборниот говор, набројувањето на најголемите хитови на својата влада, пописот на идните политики што ги поддржува, благодарноста до семејството, гласачите и персоналот, и така во круг.

Штета, бидејќи Обама има многу да каже за демократијата и како е загрозена и што може да се преземе околу тоа. Не е јасно зошто вака се замолчи.

Под рубриката „повторна изградба на демократските институции“ тој зборуваше за една обединета Америка и се заложи за рационална мисла, толеранција и економски напредок, како битни фактори на демократијата.

Тоа се теми на Обама, а со неодамнешниот избор на Доналд Трамп, требаше пожестоко да ги претстави како предупредување за иднината.

Имаше и извонредни изјави. „За сите наши надворешни разлики, сите гордо ја делиме истата титула: граѓанин. Професорот по право објасни дека уставот е „само парче пергамент. Тој нема моќ сам по себе. Ние, како народ, му даваме моќ“.

Но поврзаноста меѓу тоа што е добро кај Америка никогаш не дојде на ред и не беше јасно каква врска има со заканите што ги спомна, објасни и на кои алудираше.

Проблем беше и публиката. Говорот како да беше наменет за некој друг, а не на луѓето во публиката.

Можеби ќе беше подобро да се однесуваше како на партиски митинг, а останатото да го оставеше за некој друг пат.

Добрата вест е дека Барак Обама не е готов како говорник. Тој е во подобра позиција од сите свои претходници да држи важни пост-претседателски говори. Кога научниците ќе ги проучуваат неговите најголеми говори, ќе го скокнат овој и ќе се префрлат на добрите кои ги одржал по симнувањето од власта.

Има многу за кажување, а ние едвај чекаме што ќе каже – граѓанинот Обама“, заклучува Бернстин.

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе

Многу македонски „интелектуалци“, новинари и политичари се повеќе загрижени од можноста да се направи т.н. македонска платформа, отколку од последиците за земјата од прифаќањето на т.н. албанска платформа.

повеќе