Каде се милијардите на ИСИС?

Сами Јасим, припадникот на Исламска држава (ИСИС) задолжен за финансии и заменик на убиениот Ал Багдади го зароби тајната служба на Ирак. Оваа вест ја потврди ирачкиот премиер.

EPA-EFE

Деталите на операциите се засега тајна. Ирачкиот премиер наведе дека тоа била една од најтешките разузнавачки операции кои ирачките сили ги спровеле надвор од своите граници досега.

Асошиејтед прес од ирачки разузнавачки извори дознал дека Јасим бил фатен во засега неидентификувана странска земја од која пред неколку дена бил префрлен во Ирак.

Франс прес јави бил фатен во Турција. Од Анкара нема реакции, а агенцијата Анадолу додаде дека Турција беше првата држава која во 2013 година ја прогласи Исламска држава (или Даеш, арапскиот акроним за таа група) за терористичка организација.

Турската агенција сепак не потсети на врските кои турската тајна служба МИТ ги имала со членови на ИСИС на кои им овозможувала премин во Сирија, и потоа од нив купувала нафта.

Американската влада распиша награда од пет милиони долари за информација која би можела да доведе до неговото апсење, со следниот опис: „Сами Јасим Мухамед ал Џабури, попознат како Хаџи Хамид, е висок командант на ИСИС, поранешен член на Ал каеда во Ирак. Тој е клучната личност во управувањето со финансиите на терористичката организација“.

Јасим, ирачки државјанин, е еден од главните лидери на ИСИС кој би можел да даде вредни информации за операциите на групата, вели Хасан Хасан, експерт аза таа група. Тој е вториот висок командант на ИСИС кој е фатен жив, додаде тој.

Хасан тврди дека Јасим бил член на управувачкиот совет на терористичката организација кој има од шест до 12 члена.

Близок е и со новиот лидер на ИСИС. По ликвидацијата на Багдади, на таа позиција стапи Абу Инрахим ал Хашеми ал Кураиши, кој веднаш го доби прекарот „калиф без калифат“.

Хсан додава дека „банкарот на ИСИС“, како што медиумите го нарекуваат Јасим, со време го проширил опсегот на дејствување на координација на активностите во Ирак и Сирија, и стратегиските и тактичките.

Експерт за ИСИС за Ројтерс кажал дека е вообичаено лидерите на Исламска држава, кога им се заканува фаќање, да се разнесат, како Ал Багдади, или да се борат додека не ги убијат.

„Банкарот“ не го направил тоа, што може да биде знак дека апсењето било ненадејно.

Дејвид Коен, поранешен шеф на одделот за тероризам и финансиски разузнавачки податоци во американското министерство за финансии, ги опиша милитантите како „најбогатата терористичка организација на Земјата“.

Јасим ги надгледувал приходите и до милијарда долари годишно: од продажбата на нафта доаѓале околу половина милијарда, а од изнуди и од даноците кои ги наметнувале на просторот со кој управуваа стигнувале околу 300 милијарди долари.

Во структурата на приходите откупнините носеле околу 25 милиони долари, нелегалната трговија со антиквитети околу 15 милиони, а трговијата со луѓе околу 10 милиони. На тоа треба да се додадат и донациите од симпатизерите од Блискиот Исток, кои не престанале до ден денес.

Разузнавачките служби биле непријатно изненадени од вештината на управувањето на финансиската управа на „калифатот“ кој на врвот на моќта се простираше на третина од Сирија, со седиште во Рака, и се ширеше во Ирак, каде завршуваше на 60-тина километри од Багдад.

Седиштето беше во Мосул, градот кој падна без отпор во 2014 и каде Ал Багдади го прогласи калифатот. Особено биле фасцинирани од успешното функционирање на даночниот систем, односно изнудувањето.

Колин Кларк, директорот за истражување политики во безбедносната фирма Суфан груп вели дека податоците кои ги поседува Јасим би можеле да откријат како групата ги перела парите и каде ги вложувала.

Што можеби ќе биде непријатно за некои на Западот.

„Парите се главниот столб на терористичките групи па потрагата по луѓето задолжени за парите е важен дел од стратегијата за нивно сузбивање“, вели тој.

Терористичката група откако ја изгуби територијата на калифатот се реорганизирала префрлајќи го дејствувањето според моделот на Ал каеда во вилаети кои дејствуваат на простор од западна Африка до југоисточна Азија.

Меѓу вилаетите постои комуникација, но не е сосема јасно до која мера ги координираат активностите.

Досега се претпоставуваше дека врвот на ИСИС и понатаму е на просторот на Сирија и Ирак, во пустинските предели. Владата во Дамаск не е заинтересирана за трошење на оскудните ресурси за контрола на тие простори.

Западните разузнавачки агенции проценуваат дека на тие простори престојуваат околу 10.000 милитанти на терористичката група кои сè уште имаат заштита од сунитските заедници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе