„Вкупно гледајќи, во подобра ситуација сме од лани“

Германија спрема нови мерки за третата есен на пандемијата

Германската влада воведува нови мерки и нови правила во борбата против коронавирусот. Целта е подобра заштита од новиот бран инфекции во есенските месеци. Се најавува и излегување на пазарот на четири нови вакцини, пишува Дојче веле.

EPA-EFE

Министерот за правосудство Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах ги претставија плановите на владата за промена на законот за заштита од инфекции. Станува збор за правила со цел поуспешна борба против коронавирусот во претстојните есенски и зимски месеци.

Со планот е предвидено постепено воведување на мерките, во зависност од ситуацијата во земјата. Под името „зимски гуми“ се наведуваат мерките кои ќе важат од 1 октомври оваа година до 7 април 2023, и тоа без разлика на инциденцијата. Во таа група мерки е носењето маски во воздушниот сообраќај, во брзите возови, односно задолжително тестирање пред влегување во болници и слични установи – освен ако некој се вакцинирал или ја прележал короната пред повеќе од три месеци.

Во случај на вложување на ситуацијата на сила стапуваат нови мерки, Германија става „зимски ланци“. Сојузните покраини може да воведат обврска за носење маски во јавните институции, односно во рестораните, културните установи или таму каде луѓето се собираат во слободно време. Предуслов за воведување на тие мерки е одлука на надлежниот парламент.

Новите правила Бундестагот би можел да ги усвои на почетокот на септември. Бундерат (горниот дом) би гласал за нив на 16 септември, за новите правила да стапат на сила пред актуелните да истечат. Засега не е јасно дали покраините ќе го поддржат владиниот концепт. Од сојузната влада може да се слушне дека до сега нема приговори на сметка на планираниот пакет мерки.

Целта на сојузната влада е следната пандемиска зима да ја истурка без нови карантини и забрани за излегување на граѓаните на улица. „Наместо тоа ние се фокусираме на мерки кои се ефикасни и истовремено прифатливи“, кажа Бушман. „Затворањето на училиштата повеќе не го сметаме за прифатлив потег“.

Лаутербах додаде дека за време на зимата очекува „релативно тешка состојба“ поради високозаразната варијанта на коронавирусот. „Се чини релативно извесно дека во текот на есента ќе се бориме со една мутација на омикрон“, истакна германскиот министер за здравство. „Ќе имаме многу случаи, но нема да има толку смртоносни исходи како со делта варијантата“.

Лаутербах кажа дека наскоро се очекуваат четири нови вакцини кои најрано од 9 септември би можеле да добијат „зелено светло“ од надлежните институции. Новите вакцини би биле поефикасни во заштитата од инфекција, а не само во спречувањето од потешки облици на болеста. А тука е и паксловид, лекот кој значително ја намалува стапката на смртност од коронавирусот.

„Вкупно гледајќи, ние сега сме во многу подобра ситуација од минатата есен“, кажа Лаутербах.

Зелените тврдат дека станува збор за компромис кој е основа за добра подготовка за есента и зимата. Постапката која предвидува постепено воведување мерки овозможува правна безбедност, а на покраините им нуди и можност за соодветна реакција на развојот на ситуацијата. Освен тоа, води сметка и за основните слободи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе