По прошталниот говор

Гардијан: Сите да плачеме над тажната оставнина од кукавичлакот на Барак Обама (ВИДЕО)

Нашиот кандидат на надежта и промените постојано не ги остваруваше своите цели. Неговите навивачи и симпатизери, во чии очи тој никогаш не беше одговорен за неуспехот, носат дел од вината, пишува Корнел Вест, професор по филозофија на Харвард за Гардијан.

„Пред осум години светот ја славеше инаугурацијата на брилијантниот и харизматичен црн претседател на САД. Денес сме на работ на провалијата – наскоро нѐ чека инсталацијата на неговата лажлива и пургативна замена.

Тоа е депресивен пад во најмоќното царство во историјата. Лесно може да произведе сеопшт цинизам и отровен нихилизам. Има ли воопшто надеж за вистината и правдата? Може ли Америка да биде искрена самата кон себе?

Ерата на Барак Обама можеби беше и последниот период кога можевме да се оддалечиме од неолиберализмот. Нашиот свет е задушен со забавни марки и активности кои немаат врска со вистината, чесноста или долгорочното преживување на планетата. Сведоци сме на пост-модерна верзија на гангстеризација на светот.

Обама во 2009 година го спаси Вол стрит. Неговата администрација кажа дека немало убиени цивили во нападите со беспилотни летала. Потоа ни кажаа дека биле убиени неколкумина. Потоа можеби и 65. Но кога беше убиен еден американски цивил, веднаш беше организирана прес-конференција и беше доделена финансиска компензација.

За време на протестите против убиствата на црните момчиња, во затвор завршија групите кои протестираа. За време на протестите против израелското убивање на над 2.000 Палестинци (меѓу кои и 550 деца), Обама на израелската војска ѝ даде 225 милиони долари помош. Неговата образовна политика затвори стотици јавни училишта, а наместо нив отвори договорни училишта.

Но медиумите не го прозваа претседателот Обама поради овие нешта. Наместо тоа, добро платените говорници го фалеа. Повеќето црни портпароли ги бранеа неговиот молк и злосторствата во име на расниот симболизам и сопствените кариери.

Едвард Сноуден, Челси Менинг и останатите што ја открија вистината беа демонизирани, а злосторствата што ги разоткрија воопшто не беа спомнувани.

Недостигот од храброст на Обама да се соочи со криминалците од Вол стрит и нападите со беспилотните летала доведоа до пораст на десничарскиот популизам во САД и исламистички бунтови на Блискиот Исток.

За време на владеењето на неговата администрација беа депортирани над 2,5 милиони луѓе.

Берни Сандерс се обиде да создаде левичарски популизам, но го уништија Хилари Клинтон и Обама со наместените предизбори на американската Демократска партија. Сега се наоѓаме на прагот на неофашистичка ера: неолиберална економија на стероиди, милитаристичка влада гладна за војна, која го негира глобалното загревање.

Сето тоа во сенка на поразот на вистината и чесноста во името на брендот Трамп.

Какво тажно наследство на кандидатот на надежта и промените“, заклучува Вест за Гардијан.

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе