Форин полиси: Орбан е Путиновиот тројански коњ

Односот на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон Русија ги буни европските лидери, пишува Аманда Коукли за Форин полиси.

EPA-EFE

Таа унгарскиот премиер го нарекува „Путиновиот тројански коњ во Европската Унија“ и наведува дека лидерите на ЕУ се прашуваат што стои зад почитта на Будимпешта кон Кремљ.

Коукли пишува дека Унгарија му создава сериозни непријатности на Брисел.

„Конкретно, незадоволството на европските лидери неодамна го предизвика несогласувањето на Орбан со заедничката политика за емиграцијата и малцинствата. Меѓутоа, ова е само мал дел од проблемот со Будимпешта“, се наведува.

Поважното прашање, смета Коукли, е тоа што Унгарија продолжува да врши притисок врз ЕУ околу прашањето на енергетиката.

„Значи, Орбан се спротивстави на одлуката на земјите од ЕУ да ја намалат потрошувачката на гас за околу 15 отсто и го нарече тоа уште еден чекор кон воведувањето воена економија“, пишува дописничката на Форин полиси.

Таа заклучува дека таквата политика на Будимпешта зборува за јасното отсуство на единство во Европа.

„Од првите денови на украинскиот конфликт, Унгарија, за разлика од другите западни земји, никогаш директно не ја критикуваше Москва. Унгарските власти дури редовно се противеа на антируските санкции и дури го одложуваа усвојувањето на шестиот пакет ограничувања“, потсетува авторката.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикува ЕУ поради односот кон украинската криза. Според него, бриселската стратегија на санкции е пропадната и треба да се менува.

Покрај тоа, Орбан смета дека светот е соочен со глобална криза, и енергетската ситуација особено го загрижува. Будимпешта веќе прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор и преговара со Москва за купување дополнителни количества.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе