Намален е само во Словенија и Финска. Податоци на Еуростат доставиле Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска. Најтешко во второто тромесечје, според податоците достапни на Еуростат, било во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од анкетираните многу тешко или тешко спојувале крај со крај.
Во групата земји со над 20 отсто анкетирани кои тешко ги покриваат основните трошоци се и Словачка, Италија и Франција.
Најмалку ги имало во Финска, каде биле 11 отсто. Истражувањето покажало дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци, следат Австрија и Франција, во кои нешто помалку од четврт од анкетираните немале проблем со финансирањето на основните потреби.
Најмал нивен удел имало во Бугарија, каде изнесувал нешто повеќе од три отсто. Уделот на жители во поволна финансиска позиција во девет земји бил помал во вториот квартал отколку на почетокот на годината, а во Италија бил речиси непроменет.
Најмногу се намалил во Словенија и Австрија, за 4,4 односно за 4 отсто. Повеќето анкетирани навеле дека приходите во тој период им биле непроменети или дури пораснале, напоменува Еуростат.