Поради екстремниот студ

Емигрантите и бегалците во БиХ се смрзнуваат, нема тоалети, струја, чиста вода

Падот на температурата на воздухот далеку под нулата дополнително им ја отежна маката на стотиците емигранти и бегалци, заглавени на северозападот на Босна и Херцеговина, пишува Асошиејтед прес.

EPA-EFE

Емигрантите и бегалците, меѓу кои и цели семејства со мали деца, деноноќно се смрзнуваат при бранот екстремен студ кој ја зафати областа во близина на границата на БиХ и Хрватска.

Метеоролозите во БиХ, како што се наведува, ги предупредија граѓаните да не остануваат долго на отворено за време на студениот период, прогнозирајќи дека температурата би можела да падне под минус 15 Целзиусови степени.

Под притисок на странство власти на БиХ ги подобрија условите за неколку стотици луѓе кои престојуваат на местото на неодамна изгорениот прифатен камп Липа, но стотици други, наведува АП, се сместени во импровизирани кампови со шатори и напуштени куќи, без греење и основни санитарни услови.

Механичарот од Бангладеш, Шахин, кој престојува во мал шатор во шума во близина на местото Велика Кладуша, кажал дека минатата ноќ било многу студено, дека не спиел и дека многу им е тешко.

АП додава дека емигрантите како Шахин спијат на отворено со месеци, додека се надеваат дека нелегално ќе влезат во Хрватска, членката на Европската Унија.

При бројните обиди за влегување се соочуваат, според извештаите, со насилството на хрватските граничари.

Во импровизираниот камп кај Велика Кладуша се наоѓаат неколку мали шатори на смрзнатата нерамна земја меѓу дрвјата, наведува АП и додава дека некои емигранти перат надвор на минус, палејќи оган за колку-толку да се загреат, во недостиг од тоалети и струја.

Шахин наведува дека немаат ни чиста вода за пиење.

„Не е безбедно, тоа е голем ризик за нашето здравје. Помогнете ни, ве молиме“, кажал Шахин.

Меѓународните организации ги критикуваат властите на БиХ поради често хаотичниот одговор на европската емигрантска криза, додека хуманитарните групи предупредуваат дека и таа земја и ЕУ мора да најдат трајно решение.

Студентот по новинарство од Авганистан, 20-годишниот Мохамад Кан, кој со неколку десетици емигранти престојува во напуштена фабрика полна со ѓубре во близина на Бихаќ, вели дека сака само „безбеден и чист“ живот во Европа.

Во руинираната фабрика, наведува американската агенција, емигрантите лежат тесно замотани во ќебиња или спијат во мали шатори, додека зградата со дупки на местото на некогашните прозорци претставува слаба заштита од студот.

Повеќето други региони на БиХ одбиваат да ги прифатат емигрантите поради противењето на населението, додава АП.

Во напуштена куќа во близина на границата со Хрватска, привремено засолниште нашла двојка од Авганистан со четири деца од 18 месеци до 10 години.

Семејството готви со помош на печка на дрва, ноќе палат свеќи и го користат стариот мебел оставен во куќата додека чекаат прилика да ја поминат границата.

Кажале за АП дека 40 пати се обиделе да влезат во ЕУ, но дека секојпат биле вратени.

Таткото Мустафа вели дека им е претешко по толкуте неуспешни обиди и бидејќи се оставени без помош, не сметајќи ги пакетите кои повремено ги добиваат од хуманитарните организации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе