Еден од најголемите грабежи во историјата: како беа украдени милијардите на Садам Хусеин

Кога во април 2003 година американските војници за првпат стапнале на тлото во Багдад, ограбувачите наголемо ги празнеле трезорите на Централната банка на Ирак, тврдината во која се наоѓаше најголемиот дел од државните пари.

Кога војниците влегле во банката, ја виделе подизгорената врата на централниот трезор, во кој ограбувачите, и покрај експлозивот и големото количество оружје, не успеале да влезат. Меѓутоа, кога Американците влегле во трезорот, откриле дека се случила една од најголемите кражби во историјата – под заштита на ноќта од трезорот биле изнесени повеќе од милијарда долари.

Околу 4 часот наутро ноќта меѓу 17 и 18 март 2003 година, еден ден пред дождот проектили да падне врз Ирак, три камиони се приближиле до влезот на банката. Од еден од нив излегол човек со потпишан налог. Во следниот момент почнало префрлањето на 900 милиони долари и 100 милиони евра, уредно спакувани во мали кутии.

За овој грабеж не биле потребни оружје и експлозив: човекот со листот хартија бил Кусај Хусеин, шефот на ирачките одбранбени сили, а на документот бил потписот на неговиот татко Садам Хусеин.

На листот пишувало дека треба да се извлечат сите тие пари за да не паднат во рацете на странските окупатори.

„Кога ќе добивете наредба од Садам, не се расправавте премногу околу тоа“, опиша подоцна за Њујорк тајмс еден од високите функционери на банката.

Меѓутоа, и покрај целиот труд на Садам Хусеин, ирачките пари на крајот завршиле во рацете на странците.

Кога Американците дознале дека четврт од готовинските државни резерви исчезнале од Централната банка, почнала општа потрага по парите. Најголемиот страв на Пентагон бил дека Садам со тие пари ќе финансира герилска војна против Америка. Меѓутоа, нивните сомнежи многу брзо се покажале како неточни, кога во вилата на другиот син на Садам, Удај Хусеин, биле пронајдени 650 милиони долари во готовина.

Американците верувале дека го откриле поголемиот дел од однесените пари од банката, меѓутоа било утврдено дека тоа се личните резерви на Удај. Парите не исчезнале без трага, а наскоро биле откриени неколку стотици милиони долари во една од палатите на Садам. Парите биле ставени во алуминиумски сандаци, а во секој имало по четири милиони долари во банкноти од по 100 долари.

Американците тајно ги испратиле парите во Кувајт каде требало да се пребројат за да се утврди колку точно пари има. Меѓутоа, тука приказната добила очекуван пресврт.

„Официјален Вашингтон, поточно заменикот секретар за меѓународни прашања Џон Тејлор барал парите да се вратат во Централната банка на Ирак, но... американските војници во таа земја решиле да ги поделат според сопствена проценка. Малку по малку, купот пари на Садам почнал да се намалува, а често завршувале и во ормарите или ранчевите на американските војници“, тврди Џејмс Рајсен, авторот на книгата „Плати ја секоја цена“ (Pay Any Price).

Рајсен тврди дека банкнотите од 100 долари на Садам завршиле и во САД, бидејќи војниците им ги испраќале на своите девојки и сопруги.

Над 440.000 доалри биле откриени на сметките на мајорот на американската војска Ричард Фулер, маринец кој бил задолжен за броењето на парите во Фалуџа. Капетанот на американската војска Мајкл Нигујен присвоил повеќе од 700.000 долари за време на службата во провинцијата Анбар. Кога се вратил во САД, си купил џип „хамер“ и лимузина „БМВ“, пишува Њујорк тајмс.

Според податоците кои беа објавени, вкупно 35 американски војници биле осудени за слични кражби меѓу 2004 и 2008 година.

„За жал, најголемите крадци се сѐ уште на слобода“, вели Рајсен, кој тврди дека најголемиот дел од парите на Садам сѐ уште се во оптек, и дека не е исклучено некоја од банкнотите да минала низ многу раце.

„Никој не знае колку точно пари украдени од Централната банка на Ирак завршиле во нечии џепови“, смета Рајсен.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе