Денот кога Москва се разбуди без знамето на СССР (ВИДЕО)

Пред четврт век Москва се разбуди без советското знаме на врвот на Кремљ, последното беше спуштено на 25 декември и на нејзино место се најде руската тробојка.

Тогаш последниот претседател на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов одржа говор во кој наведе дека поднесува оставка и дека овластувањата, вклучувајќи ги и кодовите за нуклеарното оржује, ги префрла на рускиот претседател Борис Јелцин.

„Кога Александар Иванович ја напушти својата позиција како чувар на Црвениот плоштад да оди на вечера, светлоцрвеното знаме на Советскиот Сојуз почна да паѓа по ѕидините на Кремљ. Кога се врати на работа, на позицијата пред мавзолејот на Ленин, погледна нагоре и го виде бело-сино-црвеното знаме на Русија, кое се вееше како никогаш да не се случила Октомвриската револуција“, напиша Њујорк тајмс.

Младиот војник изгледал многу изненадено и не сакал на новинарите да им го каже своето презиме.

„Тој кажа дека тоа беше изненадување, како да не видел дека Михаил Горбачов половина час претходно поднесе оставка на позицијата претседател на Советскиот Сојуз. На прашањето што сега ќе се случи, тој кажа дека историјата ќе покаже и замина кон Мавзолејот. Луѓето на Црвениот плоштад гледаа во руското знаме“, додаде Њујорк тајмс.

Горбачов својот говор го заврши во 19:12 часот, а знамето беше спуштено во 19:32, а во 19:45 на нејзино место беше кренато руското знаме.

„Неколку десетици луѓе стоеја на плоштадот, многумина гледаа зачудено и не беа свесни дека сведочат на раѓањето на нова ера. Немаше веселба, луѓето се собираа, никој ништо не зборуваше, немаше ни „ура“ ни „уа“ за нешто. Се појавија и луѓе со едноставни црвени знамиња без срп и чекан кои знаеја дека Горбачов му ги префрли овластувањата на Јелцин“, се наведува во текстот.

„Тие вредности се наши вредности. Жал ми е за Советскиот Сојуз. Тажна сум, жал ми е што една голема земја се распадна пред моите очи“, изјавила тогаш 30-годишната Лариса Николаевна.

Гостите на Москва од Украина Василиј и Александра Тараменко кажале дека се среќни што нивната држава излегла од Советскиот Сојуз. „Горбачов почна добро, заврши лошо“.

Критики за последниот претседател на СССР упатила и Надја Авенариус, професорка која на улица, преку излог, го гледала обраќањето на Горбачов.

„Многу сум тажна. Ми се допадна Горбачов, од почетокот, но тој од стартот не знаеше каков е животот на луѓето, не разбираше дека советските граѓани се необразовани, дека се како робови, пораснати во корумпирано општество. Мораше да работи на унапредувањето на секојдневниот живот, а потоа на демократијата. Нервозна сум, се плашам да не се случи граѓанска војна. Не го сакам Јелцин, вљубена сум во Горбачов“, заклучила Надја Авенариус.

Од лидерот на источниот блок, една од најмоќните држави во светот, излегоа 15 самостојни држави, од кои неколку во годините што следуваа развија голем анимозитет кон Москва.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе