Денес беше Денот на Републиката

На денешен ден во Јајце беше родена Југославија. Живееше кратко, бурно и одбива да биде некогаш заборавена.

EPA-EFE

На денешен ден, во босанските планини, беше родена една федеративна држава. Персонификација на луда убавица која будеше сè освен рамнодушност. Иако минаа 29 години од нејзината физичка, а многу повеќе од духовната смрт, кај многумина буди интензивни чувства. Дали е тоа сентиментална љубов или горка омраза, од оваа дистанца не е ни битно. Магичната привлечност на нејзината фасадна убавина и внатрешна кревкост тешко дека некоја идна творба ќе ја надмине.

Еден од учесниците на второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Милован Ѓилас во своите мемоари го остави можеби најинтензивниот опис на овој настан. Во еден дел Ѓилас, кој во 1953 година беше во судир со Партијата, се присети на денот кога беше донесена одлуката за создавањето на Федеративна Југославија.

„Уште на 28 ноември повеќето делегати без собрани. Запознавањето на делегатите со предлозите за одлуки се одвиваше од утрото на 29 ноември, во засолништето на централата. Членовите на Централниот комитет час се собираа околу Тито – со него и меѓу себе да ги прецизираат предлозите на делегатите. Во тие дискусии со делегатите најгласен беше Кардељ. Забелешки немаше многу, но имаше важни: повеќето делегати беа расположени републиката да се прогласи веднаш, па требаше да се разубедуваат да не избрзаат.

Во еден момент кај Тито, Кардељ, одушевен од разговорите со делегациите, ми шепна: Прогласување на револуцијата! Не му одговорив ништо, ја делев со него и останатите увереноста во значењето на заседанието, но одлуките и заседанието ги доживував како озаконување на веќе создадените односи, а не како прекршување. Коча Поповиќ договарањата со групите делегати го протолкува на сопствен начин: Па да, политиката се случува во ходниците.

Само Титовиот говор, иако и тој беше прекинуван со аплаузи, внесе работна атмосфера. Тито зборуваше потечно од инаку, со природна, неистакната самодоверба. Во држењето, особено во гласот, се чувствуваше достоинственост, дури и трагичност. Говорот беше впечатлив – кога го прочитав ми се чинеше сувопарен, а тогаш тоа му беше и предноста –во две и полгодишната војна и граѓанската војна чии ужаси никој не можеше да ги замисли, чиј крај допрва се наѕираше.

Најбурната, најопојна еднодушност беше Титовото прогласување за маршал. Но мене свеста ми беше будна. И се прашував: какви идни односи во ЦК и идната власт ќе настанат од Титовото именување за маршал? Да, на војската и на власта, создавањето на новата Југославија ѝ користеше јакнењето на угледот и функцијата на личноста која до тогаш ја играше главната улога и се докажа со самостојноста и снаодливоста. Но каква форма, какви односи ќе води, особено како носител на тоа највисоко звање кое и се воведува за само тој да го добие?

По Титовиот избор Претседателството се повлече. Остана само новиот државен грб над бината. Тоа сè уште не беше грбот, но се знаеше дека ќе биде. Го нацрта Ѓорѓе Кун – малку по пример на советскиот, малку од својата глава, малку со сугестии од членовите на ЦК. Тој грб, со додатоци од Пијаде, стана државен грб а датумот на заседанието – 29.11.1943 – државен празник на Југославија“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе