Црнечки и белечки милиции се подготвуваат за пресметка во САД: „Ќе има крвопролевање“ (ВИДЕО)

До изборите во САД има уште помалку од месец и пол, а атмосферата во земјата е сѐ понапната, со често насилни протести, оружени пресметки на левичарите и десничарите и меѓусебни обвинувања на претседателот Доналд Трамп и опозициските демократи за планирана кражба на претстојните избори.

EPA-EFE

Стравот за сериозна ескалација на насилствата по изборите, во случај едната страна да не признае пораз или прогласи победа пред гласовите да бидат преброени, дополнително го засилува сѐ почестата појава на до заби вооружени милиции на улиците на американските градови. Иако станува збор за практично паравоени единици, тие се легални во САД сѐ додека не практикуваат насилство. Со други зборови, парадирањето со пушки е дозволено, но пукањето (од јасни причини) не е.

Но освен вообичаените десничарски, главно белечки милиции, кои се претставуваат како одбрана од евентуална тиранија, сѐ поприсутни се и левичарските милиции кои се претставуваат како заштитници на црнците и малцинствата или антифашистичко движење на отпорот.

Три персентиерс и Џенерал Блад Ејџент

Новинарот на британската телевизија Ченел 4 Кришнан Гуру-Марти се сретнал во руралната околина на Атланта со припадниците на милицијата наречена Три персентиерс, наречена така бидејќи тврдат дека само 3 отсто од Американците се бореле против британската војска во Американската револуција. Невладините организации за граѓански права ги опишуваат како крајно десна, антивладина група која се бори за доминација на белците.

Локалниот лидер на оваа милиција е поранешниот војник Крис Хил, попознат по прекарот Џенерал Блад Ејџент. Хил му објаснил на новинарот дека ќе го одведе на нивните вежби во пукање.

„За што точно тренирате?“, го прашал новинарот.

„Луѓето ќе се обидат да ви го земат она што го имате, така што сакаме да бидеме во состојба да го заштитиме она што го имаме или да се активираме и да оствариме контакт со заканите и да ги елиминираме лошите типови“, му одговорил Хил.

А нивните непријатели варираат од Антифа и движењето Црните животи значат, до опозициските демократи кои сакаат да го ограничат правото на носење оружје, вели новинарот на Ченел 4.

„Тивкото мнозинство ќе стане против Бајден како претседател“

„Бог знае што ќе се случи на 4 ноември, ако луѓето се разбудат и видат дека Доналд Трамп е избран за претседател. Левицата апсолутно ќе го изгуби разумот. Градовите ќе горат“, предвидува Хил.

„А, што ако биде обратно?“, го прашал новинарот, мислејќи на евентуална победа на противкандидатот на Трамп, демократот Џо Бајден.

„Тогаш тивкото мнозинство ќе стане против Бајден како претседател, особено ако има жалби за (изборна) измама“, му одговорил Хил, давајќи јасно до знаење дека милитантните поддржувачи на Трамп нема мирно да го прифатат неговиот пораз.

Ако во изборната ноќ нема јасен резултат и ни Трамп ни Бајден не признаат пораз, овие милиции веројатно ќе излезат на улиците, вели новинарот на Ченел 4.

„Сакам да ги исправам митовите и погрешните предрасуди за тоа што се Три персентиерс и што претставуваат – дека секој Три персентер е неокофедеративен нацистички, белечко-супремацистички, антивладин сељак кој трча наоколу и игра Кол оф дјути во шума. Јас сум маринец ветеран и правам што правам“, истакнува лидерот на оваа белечка милиција.

Прашан за полициското убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кое ги почна масовните и повремено многу насилни протести против полициската бруталност и расизмот, Хил вели дека полицаецот не требало да биде обвинет за убиство и дека не би требало да биде во затвор.

„Во следните 45 дена ќе има многу насилство“, заклучил Хил.

Нот факинг араунд коалицијата и Грендмастер Џеј

Оваа и слични милиции се собраа минатиот месец во Луисвил во Кентаки, во исто време и на исто место како и антирасистичките демонстранти, кои демонстрираа поради полициското убиство на Афроамериканката Бреона Тејлор. Неа полицајци во цивил ја убија во нејзиниот стан кога нејзиното момче припукало во нив, не знаејќи кои се, откако упаднале во станот барајќи дрога (која не ја нашле).

Истражната порота во меѓувреме одлучи дека нема да поднесе обвинение против полицајците кои ја изрешетале Тејлор, освен против еден кој е обвинет за загрозување на жителите на соседниот стан, каде што исто така завршиле дел од куршумите. Таквата одлука предизвика нови протести и немири во рамки на кои беа застрелани двајца полицајци – уште еден доказ дека левичарските демонстранти, исто како и десничарските контрадемонстранти, се сѐ почесто вооружени.

За среќа, не дојде до насилен судир. Но во близина се собрала и друга милиција, целосно црнечка. Се вика Нот факинг араунд коалиција, а ја води личност позната под прекарот Грендамастер Џеј.

На прашањето на новинарот која е целта на оваа црнечка милиција, Грендмастер Џеј одговара: „Заштитата на црната раса. Полициско одржување на редот меѓу црната раса. Едукација за ракување со оружје за црната раса“.

„Ние сакаме своја земја, дури и ако треба самите да ја изградиме“, додава лидерот на оваа милиција, давајќи до знаење дека нивниот идеал е одвојување и национално самоопределување на Афроамериканците во посебна држава.

„Ќе има крвопролевање без оглед на сѐ“

Интересно е тоа што овие црни милитанти се критични кон движењето Црните животи значат бидејќи сметаат дека се „дефиниција на лудило – да се прави истото повторно и повторно и да се очекува различен резултат“, вели Грендмастер Џеј.

„Да постигнеа тие нешто, ние немаше да постоиме“, смета тој.

„Имаме 432 милиони парчиња оружје во оваа земја. Тоа значи дека имаме повеќе оружје отколку луѓе. Тие веќе се вооружени. Прашањето е тогаш како да ги изедначиме силите. Да се вооружиме и ние. Ќе се соочиме моќ со моќ“, вели тој за својата цел.

„Ќе има крвопролевање без оглед на сѐ. САД се насилна земја, а ние сме најголемата целосно црнечка, меѓународна коалиција на милиции на планетата“, заклучува лидерот на црнечката милиција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе