Се заканува голема блокада

Бунт на Србите поради рудникот за литиум, Вучиќ вели нема шанси за граѓанска војна

Еколошките протести во Србија против меѓународната корпорација Рио тинто и планираното копање на литиум добиваат сè поголем замав, организаторите за следниот викенд најавија мирни собири и блокади на патиштата во најмалку 30 градови, а истражувањата покажуваат дека ги поддржуваат и околу 14 отсто на поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС).

EPA-EFE

Откако минатата недела илјадници луѓе на еден час ги попречија сообраќајниците во повеќе градови и го блокираа автопатот Ниш-Белград-Загреб, претседателот Александар Вучиќ оцени дека протестите се кршење на законот и удар на уставните слободи и слободата на движење, а премиерката Ана Брнабиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин ги нарекоа „фашизам“.

Тензиите и инцидентите на раб на сериозни тензии ги поттикнаа групи маскирани момчиња кои ги напаѓаа демонстрантите, а во Шабац на нив тргна багер со кој управуваше поддржувач на СНС, што заврши со тепачка во која се вмешаа маскирани момчиња со палки и гумени чекани. Власта застана во нивна одбрана нарекувајќи го тоа бунт на луѓето на кои им е оневозможена слободата на движењето.

Вучиќ: Србија никогаш нема да биде во каква било граѓанска војна

Соочен со сè поголем бран незадоволство српскиот претседател во средата вечерта во обраќањето до јавноста порача дека „Србија никогаш нема да биде во каква било граѓанска војна“ и најави дека полицијата на претстојниот протест нема да интервенира освен ако бидат „загрозени човечки животи, имотот или институциите“.

„Не ми паѓа на памет да ја слушам улицата и да ѝ служам на улицата“, кажа Вучиќ и истакна дека Рио тинто „го довела претходната власт“ и дека во договорот потпишан од владата на Ана Брнабиќ во 2017 е наведена спремност на двете страни во проектот за истражување литиум да соработуваат „без каква било правна обврска и одговорност од која било страна“. Тој порача дека „литиумот е важен за Србија“ и истакна дека ќе биде „прв против проектот“ ако не биде задоволен од студијата за изводливост на експлоатацијата на литиумот.

Истражувањата на јавното мислење кои во последните четири месеци ги спроведе независниот истражувачко-издавачки центар Демостат покажуваат дека „политичката боја на еколошките протести е видлива врз основа на тоа што ги поддржуваат 14 отсто од поддржувачите на СНС и слични“.

На другата страна се 68 поддржувачи на опозициската коалиција околу Паријата на слободата и правдата и други, меѓу кои 65 отсто од поддржувачите на зелено-левата коалиција.

Еколошко востание

Социологот и истражувач на Демостат Среќко Михаиловиќ изјави во четвртокот за белградско Време дека „целосното внимание треба да се обрати на политичкиот потенцијал на поддршката на еколошките протести“ бидејќи фактот дека ги поддржуваат „две петтини Белграѓани и нешто повеќе од третина на граѓаните на Србија, како и секој седми поддржувач на владејачките партии, не е занемарлива“.

Дека протестите, според Демостат, имаат сè повидлива „политичка боја“, потврдуваат и сè погласните барања од корпусот на конзервативните и национално ориентирани партии, движења и коалиции да се откаже од проектот за експлоатирање и преработка на рудата литиум.

На барањата за сопирање на проектот се придружија движењето Двери, Коалицијата НАДА во која се Демократската партија на Србија, Движењето за обнова на кралството Југославија и уште дваесетина организации кои укажуваат на можните погубни последици на проектот за копање и производство на литиум за природата и систематското уништување на средината во областа ка Лозница и Ваљево, и уште во некои краеви на западна и централна Србија.

Протестите ги почна движењето Еколошко востание кое обединува десетина невладини здруженија и организации, а владејачките партии ги обвинуваат за политички амбиции и за обид за уривање на Александар Вучиќ од власт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе