Британија минатата година ја напуштиле речиси милион луѓе

Британија во пандемиската 2020 година изгубила рекорден број странски работници, покажуваат податоците на британскиот статистички завод ОНС, кој напоменува дека проценките треба да се земат со резерва поради прилагодените методи на собирање податоци.

EPA-EFE

Во периодот од октомври до декември 2020 во Британија бројот на странски работници во споредба со истиот период од годината претходно се намалил за 795.000, покажуваат податоците на ОНС.

Извештајот покажува и одлив на речиси милион граѓани постари од 16 години, родени надвор од Британија.

Според податоците на ОНС, најголемиот дел од одливот во минатата година се работници родени во земјите од Европската Унија.

Британија забележа најголем број смртни случаи поврзани со коронавирусот во Европа и најголем пад на економијата меѓу европските земји. Особено тешко беа погодени секторите како угостителскиот, кои обично вработуваат голем број странски работници, пишува Ројтерс.

Новите проценки се засновани на официјална анкета за состојбата на британскиот пазар на труд, а не врз клучните податоци за миграциите чие собирање е оневозможено од пандемијата. Од ОНС напоменуваат дека, од низа причини, треба да се земат со доза претпазливост.

Едната е тоа што податоците поради пандемијата исклучиво се собирани по телефон, а не со методот „од врата до врата“ како што ОНС претходно правеле.

Коментирајќи го извештајот на ОНС, Џонатан Портс, професор по економија и политика на Кингс колеџ во Лондон и главен економист во британското министерство за труд и пензиски систем, вели дека податоците упатуваат на заклучок за масовна миграција.

„Не се сомневам дека сведочиме на најголемиот одлив на луѓе во поновата историја“, кажа Портс. „Тешко е да се процени дали работниците ќе се вратат по завршувањето на пандемијата“.

Напоменува дека вистинскиот одлив, имајќи ги предвид методите на пресметката, може да биде уште поголем.

Неуверливи му изгледаат сигналите од извештајот за наводното враќање на повеќе од милион Британци од странство, пренесува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе