Војна меѓу двете сили

Блумберг: Ако Трамп ги исполни заканите, Кина се подготвува за одмазда

Кина е спремна да се одмазди доколку избраниот американски претседател Доналд Трамп воведе казнени мерки против кинеската стока и почне трговска војна меѓу двете најголеми светски економии, јавува Блумберг.

Пекинг размислува за различни опции, како воведување нови даноци или почнување антимонополски процеси против познати американски компании или оние кои имаат големи бизнис активности во Кина, изјавиле анонимни извори на Блумберг.

Други можни мерки се антидампинг истраги и намалување на државните набавки на американска стока, додале истите извори.

Њујоршката агенција наведува дека тоа илустрира дека ескалацијата на тензиите меѓу двете држави се заканува да се прошири на компаниите.

Кина е честа мета на нападите на Доналд Трамп и функционерите задолжени за трговските односи кои, како што проценува Глобал тајмс, весникот на кинеската Комунистичка партија, ќе изградат „железна завеса“ на протекционизмот. Секоја одмазда на Кина кон Трамп претставува ризик, оценува Блумберг.

„Противмерките може да имаат штетни последици во поглед на пристапот на Кина кон најголемиот трговски партнер“, смета Мајкл Ејвери, шеф на истражувањата на финансиските пазари на Рабобанк групата во Хонгконг.

„Кога имате држава со голем трговски дефицит на која ѝ се одмаздува земја која со неа има голем трговски суфицит, тука победува земјата со трговскиот дефицит. Земјата со суфицитот губи, секој пат“, подвлекува Ејвери.

Американскиот трговски суфицит кон Кина е намален на 31,1 милијарди долари од 32,5 милијарди долари во октомври, откако извозот на САД на кинескиот пазар го забележа најсилниот раст од декември 2013.

Кинеската централна банка состави листа можни противмерки откако собра мислења од различни министерства. Казнените мерки би биле воведени само ако САД го направат првиот чекор, и откако ќе ги одобри највисокото кинеско раководство, тврдат изворите на Блумберг.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе