ЉУБЉАНСКИ ИНСТИТУТ

Балканот сѐ повеќе заостанува зад Европа

Студијата на словенечкиот економист Тине Крачун покажува дека земјите од Западниот Балкан сѐ повеќе заостануваат во однос на развиените држави од Централна и Западна Европа, пренесува Б92.

Продлабочувањето на заостанувањето во развојот во однос на Централна и Западна Европа, како и новата геостратешка улога на Србија, се дел од главните констатации од студијата „Аналитички предвидувања во 2014 – Западен Балкан“ на Тине Крачун од љубљанскиот Институт за стратешки решенија (ИСР).

Како прв тренд кој се наведува во студијата е дека предвидениот раст на БДП од 0,5 отсто во Хрватска до над 4 отсто на Косово, во целиот регион е премногу низок за да се намали заостанувањето во развојот со Западна Европа, која ќе има слични стапки на раст.

Како втор тренд во истражувањето, кое го пренесуваат словенечките медиуми, се истакнува дека Словенија ја губи својата некогашна улога во регионот, како и економското влијание.

„Хрватска со влегувањето во ЕУ во очите на странските инвеститори си обезбеди нова позиција на Западниот Балкан. Странските фирми во блиска иднина ќе му даваат предност на Загреб пред Љубљана, како центар за управување со регионалните инвестиции. И покрај тоа, Западниот Балкан за Словенија и понатаму останува најважниот дел од светот“, се вели во студијата.

Како трет тренд, Крачун укажува на „новата геостратешка позиција на Србија“, поради нејзините партнерски односи со Русија и Кина, како и поради одредувањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ за членство.

И додека Србија минатата година забележала стопански раст, Хрватска е веќе петта година во криза, откако 2013 ја завршила со пад на БДП од 0,7 отсто.

Хрватска за четири години изгубила дури 10 години развој, а нивото на развиеност од преткризната 2008 ќе се постигне дури во 2020 година, вели Крачун во студијата.

Влегувањето на Хрватска во Европската Унија најдобро се одразило врз туризмот, а најнегативно врз стопанството, додека јавниот долг бил зголемен на 64,7 отсто од БДП.

Проблем со јавниот долг имаат и други земји во регионот, освен Босна и Херцеговина, се вели во истражувањето.

„БиХ годината ја заврши со јавен долг од 42,1 отсто од БДП и оваа година ќе го намали под 40 отсто, но има голема невработеност од 27 отсто. Стапката на невработеност во БиХ и годинава ќе падне на 25,5 отсто, а ланскиот раст на БДП од 0,5 отсто ќе се зголеми на два отсто“.

За економијата на Црна Гора во 2014 се предвидува раст од 2,3 отсто, но невработеноста и таму е проблем, бидејќи се предвидува само мал пад од 19,8 на 19,5 отсто. Јавниот долг и таму ќе порасне од 58,6 на 59,6 отсто од БДП.

Македонија, како што предвидува студијата, ќе има стопански раст од 2,5 отсто, што е повеќе од ланските 2,1. Јавниот долг е релативно низок и се рпедвидува негов раст од 36,1 на 37,9 отсто од БДП. Невработеноста е високаи се очекува од минатогодишните 30 отсто незначително да се намали на 29,9 отсто.

Најголем стопански раст се предвидува на Косово, кој има и највисока стапка на невработеност на Западен Балкан од 43 отсто. Словенечката студија предвидува растот од минатогодишните 2,6 отсто да рипне на 4,2 отсто во оваа година.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе