Анкета на Ројтерс и Ипсос: Бајден води пред Трамп за 12 отсто

Демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден води пред републиканецот Доналд Трамп за 12 процентни бода, покажува денес објавената анкета на Ројтерс и Ипсос.

EPA-EFE

Анкетата спроведена меѓу 3 и 8 септември покажува дека 52 отсто од оние кои веројатно ќе излезат на изборите ќе го поддржат Бајден, додека 40 отсто ќе гласаат за актуелниот претседател.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено преку интернет низ САД, врз 823 изгледни гласачи – 390 кои се идентификуваат како демократи и 351 декларирани републиканци. Три отсто од анкетираните ќе поддржат трет кандидат, а само 5 отсто сѐ уште не донеле одлука, два месеци пред изборите на 3 ноември кои двајцата кандидати ги прогласија за „најважните во американската историја“.

Анкетата покажа дека бројот на гласачите кои сѐ уште не се одлучиле за кандидат на двете големи партии е двојно помал отколку на минатите избори во 2016 година.

Дури и ако застанат зад Трамп, републиканецот сепак ќе добие помалку гласови од Бајден, покажа истражувањето.

Трамп сепак може да победи, дури и ако добие помалку гласови

Но рамп сѐ уште може да победи на изборите, дури и ако добие помалку гласови од својот противкандидат, како на минатите избори кога неговата ривалка Хилари Клинтон доби повеќе гласови.

Победникот на американските избори не го одлучува вкупниот број гласови на ниво на САД, туку изборниот колеџ кој се темели на бројот на гласови по сојузните држави.

Клинтон на изборите во 2016 година на ниво на целата земја доби 3 милиони гласови повеќе од Трамп, но тој сепак победи.

Анкетата, првата која Ројтерс и Ипсос годинава ја спроведоа врз изгледните гласачи, покажува дека главниот мотив за излегување на гласачките места е пандемијата на коронавирусот која во САД однесе повеќе од 186 илјади животи и збриша неколку милиони работни места, како и довербата во власта.

Околу 28 отсто од гласачите кажале дека врз нивната одлука влијаело мислењето за способноста на кандидатот за управување со пандемијата, а 23 отсто враќањето на довербата во власта.

19 отсто од нив важноста ја ставаат на способноста за враќање на економијата на нозе, а 14 отсто сакаат кандидат кој може подобро да му се спротивстави на криминалот.

Околу 51 отсто сметаат дека Бајден подобро би одговорил на коронавирусот во однос на Трамповите 38 отсто, но републиканецот е гледан како кандидат кој е посилен околу проблемот со криминалот и граѓанските немири, со 45 отсто во однос на Бајденовите 40 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе