Индипендент

Ангела Меркел е лидерот на слободниот свет, а не Доналд Трамп

Германската канцеларка сега е лидерот на слободниот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп не е заинтересиран за заштитата на либералната или слободата, пишува британски Индипендент.

Тој има идеологија во која тој е централната личност, а успеа да се опкружи со националисти кои се понепријателски расположени кон либералната демократија отколку тој самиот. Со тие предиспозиции не може да биде лидер на слободниот свет, а на средбата со Ангела Меркел се покажа кој ја презема таа позиција.

Симболично е тоа што последниот телефонски повик кој Обама му го упати на еден државник како претседател на САД беше токму повикот до Ангела Меркел. На некој начин така ѝ ја „пренесе штафетата“ на германската канцеларка. Со тоа ги потврди нивните долгогодишни пријателство, сојузништво и соработка, додека Ангела Меркел стана наследничка на Барак Обама која треба да ја штити демократијата.

Меркел, која за канцеларка беше избрана трипати и која има докторат по квантна хемија, одеднаш се најде во ситуација да ги брани слободата, демократијата и либерализмот низ светот. Иако Џастин Трудо е исто така добар кандидат, Канада едноставно ја нема силата на една Германија да им се спротивстави на сите напади врз демократијата и слободата.

И додека турските медиуми ја прикажуваат како „госпоѓа Хитлер“ во нацистичка униформа, а Трамп одбива да се ракува со неа, Меркел во Белата куќа цврсто ги бранеше своите ставови. за разлика од, на пример, британската премиерка Тереза Меј која за време на својата псоета направи сѐ за да му се додвори на моќниот американски претседател.

Но, Трамп, со сета воена моќ на САД, не може да биде лидерот на слободниот свет бидејќи воената моќ не е единствениот критериум кој е потребен за тоа.

Претседателот би требало да им биде предаден на начелата на либералната демократија, но е поприлично очигледно дека тој не тежнее кон тоа, туку дека оди во спротивната насока.

Трамп од својата инаугурација е претседател кој го поткопува авторитетот на судиите иако независното судство е еден од темелите на демократијата, пишува Индипендент.

Тој воведе забрана за емигрантите со која ги ограничи правата на државјаните на САД, а потоа ги нападна меѓународните трговија и соработка. Им се закани на Мексико, Кина, Европската Унија, а прашањето е само кој ќе биде следниот.

Нормално, покрај овие карактеристики, тука е и Трамповата администрација која заедно со него е непријателска расположена кон медиумите.

Трамп не прифаќа критика, туку информациите кои не му одат во прилог ги нарекува лажни вести. Трамп не сака медиумите да го критикуваат, а изгледа истото мислење го има и неговиот кабинет. Ограничувањето на слободата на медиумите е едно од главните обележја на диктатурите, не на демократиите.

Ангела Меркел е израсната во комунистичката Источна Германија и е целосна спротивност на Доналд Трамп. ја препознава автократијата и ѝ се спротивставува и токму тоа го направи со Доналд Трамп.

Таа изјави дека борбата против тероризмот не го оправдува ставањето на одредени лица под сомнеж.

На средбата во Белата куќа Трамп продолжи со својот обичај да нафрла непроверени информации. Така тој кажа дека тој и Меркел сепак имаат нешто заедничко, со што алудираше на прислушувањето од страна на администрацијата на Обама.

По средбата на која не се ракуваше со Меркел, бидејќи наводно не ја слушнал, кажа дека имале прекрасна средба, а потоа тврдеше дека Германија ѝ должи многу пари на САД за НАТО.

Така сега фронтот против Меркел е Трамп, Путин и Ердоган.

Медиумите пред средбата во Вашингтон предвидуваат дека Трамп може да ја праша Меркел како да му пристапи на Владимир Путин, но за тоа не се разговарало. Меркел на нападите од Кремљ одамна е навикната, па нови се само нападите на Ердоган, кој им се нафрли на европските вредности.

Претседателите на државите и владите кои сакаат да присвојат речиси тоталитарна моќ се често први во редот на критикување на Европската Унија, но и Ангела Меркел.

Прашањето е како таа ќе им се спротивстави.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе