На Караорман фатени 12 дрвокрадци и запленети околу 30 метри огревно дрво

На планината Караорман во полициска акција фатени се 12 дрвокрадци, осум албански и четворица македонски државјани и запленети се околу 30 метри кубни огревно дрво.

СВР Охрид денеска соопшти дека по преземени координирани мерки од полициски службеници од Единцата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумската полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми" во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда лишени биле од слобода 12 лица на возраст од 23 до 49 години.

„Лицата се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на самото место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата, додаде, се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Објавено на

26 Јуни 2022 - 15:08

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе