ЕП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ 2022

Женската ракометна репрезентација се враќа на големата сцена, почнува Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија по 10 години повторно е на големо натпреварување, Скопје е еден од градовите домаќини на Европското првенство, па нашите девојки ќе имаат можност да бидат рамо до рамо со најсилните селекции на континентот. 

Женскиот ракомет беше првиот репрезентативен спорт кој ни донесе поголеми радости од осамостојувањето на Македонија, но како одминуваше времето, успесите на ракометарките спласнуваа, ракометарите го земаа приматот.
 
Македонија заедно со Словенија и Црна Гора е домаќин на Европското женско ракометно првенство, а тоа е шанса нашите ракометарки повторно да се најдат во центарот на вниманието.
 
Нашата женска репрезентација во изминатиот период има напредок, избраничките на Љубомир Савевски сега имаат шанса тоа да го покажат пред широката македонска јавност која во наредните денови ќе биде со нив.
 
Македонија е во група со Франција, Холандија и Романија, првите три селекции продолжуваат во следната фаза.
 
Прв противник на Македонија е селекцијата на Франција која е актуелен олимписки шампион и финалист на последното Европско и последното Светско првенство. Шансите на нашите девојки во судирот со Французинки се мали, но наше е да покажеме борба, пожртвуваност и желба за надигрување со големиот противник.
 
Вториот противник ни е Холандија со која играме во понеделник. Холанѓаниките исто така се големи фаворитки против нас, ние најголемата шанса за победа ќе ја имаме во среда кога играме против селекцијата на Романија. Романките на хартија се посилни од нас, но послаби од Франција и Холандија.
 
„Наша работа е да покажеме карактер и да покажеме дека сме во нагорна линија со формирање на ова репрезентација која е спој на кадети и сениори кои се во странските клубови. Нашиот народ е научен да има тим кој се бори за титула. Можеби овој период од 10 години направи женската репрезентација која беше во зимски сон и веројатно затоа е тоа така. Ако успееме да направиме спој на младост и искуство и да го кренеме квалитетот на игра, тоа ќе биде голем плус за Македонија. Нервозни сме како се приближува шампионатот, но за мене е важно да покажат карактер и добра игра, зашто Франција е селекција која може да победи кого сака, нешто слично ќе биде и со Холандија. Имаме тешка група, но се надевам дека девојките ќе покажат карактер и добра игра“, вели селекторот Љубомир Савевски.
 
Една од најдобрите наши ракометарки, Јована Саздовска очекува голема поддршка од македонската публика, таа е свесна дека шансата ќе ја бараме против Романија.
 
„Свесни сме за квалитетот на противниците, кои се во кремот на Европа. Имаме навистина тешка група, но нема да истрчаме на терен со бело знаме, туку веруваме дека можеме да добиеме некој натпревар. Одиме на барем една победа, а најголема можност веројатно ни е дуелот против Романија. Почнуваме со Франција, меч кој ќе биде многу тежок, но мислам дека со срце на терен ќе можеме да се надигруваме со секого. Очекувам полна сала и поддршка од македонската публика", вели Саздовска.
 
Сите натпревари на македонската репрезентација почнуваат од 18 часот.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе