Лига на шампиони

Вујовиќ: Во Кил ниту еден гостин не е фаворит, но одиме да одиграме добар натпревар

Вардар утре со почеток од 20:45 часот игра нов натпревар од Лигата на шампионите, гостува кај Кил. 

Вардар има серија од пет порази во Лигата на шампионите, а тренерот Веселин Вујовиќ знае дека Кил е тешко место за прекин на таквата серија.
 
Распоредот на црвено-црните е таков да имаат три гостувања, Кил, Загреб и Еурофарм Пелистер. Вујовиќ ќе биде задоволен со две победи од овие три меча.
 
„Нè очекуваат три многу важни натпревари. Прво одиме во Кил, таму ниедна екипа од Европа не е фаворит, па секако не сме ни ние, но би било многу важно да одиграме добар натпревар, бидејќи тоа би била значајна мотивација пред дуелите во Загреб и со Еурофарм Пелистер во Битола“, вели Вујовиќ.
 
„Што се однесува до екипата, имаме проблем, Гаџа доби некоја вироза, што значи единствениот класичен среден бек што го имаме нема да патува. Тоа ни создава многу проблеми. Го враќаме Куни Моралес, не затоа што е сто проценти подготвен, туку за да биде во контакт со самиот амбиент, да не направи поголема пауза. Го немаме и Борко Ристовски, кој веќе подолг период има проблеми, но се надевам дека и тоа бргу ќе се реши. Значи ни останаа уште овие неколку натпревари. Од трите кои ни претстојат, две победи би биле мелем за сите нас. Оечкувам екипата да биде мотивирана, да дадеме максимум и на некој начин овој прв дел од сезоната да го завршиме позитивно“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе