Вардар остана без настап на Ф4 турнирот во СЕХА

Вујовиќ: Каква срамота, не ни дозволија да го повториме тестот на Борко!

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ изрази незадоволство откако „црвено-црните" беа исфрлени од завршниот турнир во СЕХА лигата поради еден случај на ковид-19.

Вардар нема да настапи на Ф4 турнирот во Задар, синоќа раководството на СЕХА лигата реши да го исфрли шампионот на Македонија откако еден ракометар бил позитивен на ковид-19.

Ваквиот развој на настаните предизвика големо незадоволство во редовите на „црвено-црните“ а тренерот Веселин Вујовиќ отрки дека дури биле подготвени да настапат и со само 11 играчи, но челниците на СЕХА лигата немале слух.

„Каква срамота. Велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други 7 ракометари не се поминати 14 дена од втората доза на вакцина, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но не ни дозволија. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија ниту такво нешто“ - вели Веселин Вујовиќ. 

Местото на Вардар на завршниот турнир во Задар ќе го заземе Загреб.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе