Лига на шампиони

Вујо пред мечот во Сегедин: Мора да ја прекинеме серијата порази

Вардар во четврток со почеток од 18:45 му гостува на Пик Сегед во нов меч од Лигата на шампионите. 

По одличниот старт на сезоната во Лигата на шампионите, Вардар нанижа три порази по ред.
 
Веселин Вујовиќ верува дека лошата серија може да биде прекината во Сегедин и покрај силината на противникот.
 
„Продолжува Лигата на шампионите по ЕХФ паузата. Сите се собравме, сите се здрави, што е многу важно. Играме против Пик Сегед, познат противник и еден од најдобрите тимови во Европа. Некако ко да играме некој бараж, бидејќи сега одиме во Сегедин, а после седум дена тие доаѓаат во Скопје. Ќе биде интересно да видиме како ќе се одвиваат двата натпревара“, вели Веселин Вујовиќ.
 
„Вардар е подготвен, јас веќе реков дека мора да ја прекинеме оваа серија порази од Монпелје, Алборг и од Кил. Најголемата шанса ни е во Сегедин. Мора да одиграме храбро, Вардар по традиција игра добро во Сегедин, па се надевам дека и овој пат ќе биде така“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе