Лига на шампиони

Вујин: ПСЖ е под притисок, одиме на победа

Искусниот ракометар на Вардар, Марко Вујин верува дека тие може да го победат ПСЖ во Париз, францускиот клуб игра лошо во Лигата на шампионите оваа сезона и тоа треба да се искористи. 

Вардар во среда со почеток од 18:45 му гостува на ПСЖ во меч од Лигата на шампионите.
 
Францускиот гигант е во криза кога станува збор за натпреварите од Лигата на шампионите, има само една победа од четири натпревари. Вујин се надева дека Вардар ќе ја искористи лошата форма на ПСЖ.
 
„Очекувам да продолжиме во ист ритам како на последните два меча. Покажавме дека изгледаме подобро и дека играме вистински ракомет со вистински противници и дека имаме шанса да го добиеме секој меч. Се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат од Париз. ПСЖ е под притисок, тие загубија три натпревари од првите четири и имаат неколку повредени ракометари. Очекувам голема борба, Вардар оди на победа, па ќе видиме за што сме подготвени“, вели Вујин.
 
Пикерот на Вардар, Патрик Валчак вели дека ракометарите кои играле за Раул Гонзалес, ги знаат неговите „финти“, па може и тоа да има влијание за резултатот.
 
„Можам да кажам дека се подготвуваме за Париз, ги анализираме и речиси сме подготвени со тактиката за тоа како ќе игра против ПСЖ. Ние го знаеме системот на Раул бидејќи дел од ракометарите тука имаат соработувано со него, па тие ги знаат неговите ‘финти’. Знаеме како ќе биде и се надеваме дека ќе освоиме два бода во Париз“, вели Валчак.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе