Европска лига

Во меч со драматичен финиш Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај ГОГ

Еурофарм Пелистер дебитираше со пораз во Европската лига откако со 30:29 загуби кај данскиот вицешампион ГОГ Гудме. 

Натпреварот меѓу ГОГ и Еурофарм Пелистер беше изедначен во целиот тек, двата тима се менуваа во водство, а најголемата предност на една од екипите беше два гола разлика. На полувреме резултатот беше 14:14.
 
Во финишот од мечот македонскиот тим имаше два гола предност, водеше со 29:27, но тогаш следуваше серија од 3:0 на ГОГ за победа од 30:29.
 
Стипе Мандалиниќ со 11 постигнати голови беше најдобриот ракометар на Пелистер, Трајкоски имаше 10 одбрани. Во составот на ГОГ Гудме, Јакобсен постигна девет голови.
 
Ова беше второ коло во Европската лига, а прв меч за Еурофарм Пелистер, бидејќи дуелот од првото коло со Татабања беше одложен поради позитивни случаи на ковид-19 во унгарскиот клуб.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе