ЕП 2020

Во епска битка, по 80 минути ракомет Хрватска ја победи Норвешка за финале на Европското првенство!

Хрватска е првиот финалист на Европското првенство по еден неверојатен меч против Норвешка кој траеше дури 80 минути, Хрватите победија со 29:28. 

Хрватска и Норвешка одиграа полуфинале за паметење, беа потребни две продолженија по десет минути за да има победник, тоа се Хрватите.
 
Натпреварот беше исклучително неизвесен, двете репрезентации се менуваа во водство, имаа свои периоди но никој не се одлепи со значителна предност.
 
Во текот на второто полувреме Хрватска на два пати имаше по три гола предност, но Норвешка се врати.
 
Мечот во регуларниот тек заврши 23:23, па се премина кон две продолженија од по пет минути. 
 
Во првите продолженија се играше гол за гол, но повторно немаше победник, па мечот влезе во уште две продолженија од по пет минути, а во нив Жељко Муса во последните секунди постигна гол за победа на Хрватска од 29:28.
 
Гранитната одбрана на Хрватска го победи нападот на Норвешка кој беше најдобар на Европското првенство.
 
Дувњак со осум голови беше најефикасен во составот на Хрватска, Мариќ постигна шест, Хорват четири. Кај Норвежаните Сагосен беше без конкуренција, даде дури десет голови.
 
На Хрватска и недостасува злато само од Европското првенство, за големиот трофеј ќе игра во недела со почеток од 16:30 часот со победникот од дуелот меѓу Шпанија и Словенија.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе