СЕХА лига

Веспрем со неверојатен пресврт го победи Загреб и ја освои СЕХА лигата

Веспрем ја одбрани титулата во СЕХА лигата откако со голем пресврт го победи Загреб со 32-30 и се израмни по бројот на титули со Вардар. 

Загреб одигра одлично прво полувреме, ги надмина сите очекувања и на паузата имаше предност од шест голови разлика, 19-13.
 
Но, во вториот дел одиграа катастрофално, Веспрем полека почна да ја топи негативата, унгарскиот тим првпат поведе во 59. минута со 30-29. Веднаш потоа Загреб израмни на 30-30, но во последната минута Веспрем даде два гола и победи со 32-30.
 
Најдобар кај Загреб беше Иван Чупиќ со осум голови, за Веспрем Јахиа постигна седум погодоци.
 
Третото место на завршниот турнир го освои Еурофарм Пелистер кој во малото финале го совлада Нексе со 27-23.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе