Лига на шампиони

Вардар загуби од Пик Сегед, но Дибиров влезе во историјата од Лигата на шампионите

Вардар го забележа и четвртиот пораз по ред во Лигата на шампионите откако загуби на гостувањето кај Пик Сегед со 34-31, Тимур Дибиров стана само четвртиот ракометар кој постигнал 1.000+ голови во ова натпреварување. 

На денешниот натпревар против Пик Сегед, Тимур Дибиров ја помина магичната бројка од 1.000 погодоци во Лигата на шампионите.
 
Убедливо најдобар стрелец е Кире Лазаров со 1462 гола, втор е Никола Карабатиќ, над 1.000 има и Момир Илиќ, а четврти на кој му успеало да ја помине таа граница е вардаровото крило, Тимур Дибиров.
 
Вардар доживеа очекуван пораз од Пик Сегед кој важеше за голем фаворит во овој дуел, па македонскиот тим може да се каже дека пружу силен отпор иако беше без стандардните Тото и Моралес.
 
Одличен на голот беше Мартин Томовски кој можеше да го носи Вардар и до победа доколку не беа грешките во нападот, пред се на Оливие Њокас кој неколкупати погреши во додавањата.
 
Во текот на второто полувреме Вардар двапати дојде и до израмнување, но Пик Сегед успеваше да ја врати позитивата и да се одлепи кога ќе почувствуваше отпо на Вардар. На крајот домаќините победија со 34-31.
 
Мартин Томовски мечот го заврши со 13 одбрани, Дибиров даде седум гола и беше најефикасен. Во составот на Пик Сегед најдобар беше Фримел со девет голови, Тенесен постигна осум.
 
Вардар веќе следната недела има шанса за реванш против унгарскиот тим кој треба да гостува во Скопје во рамките од осмото коло.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе