Лига на шампиони

Вардар загуби и од Загреб, седми пораз по ред во ЛШ

Вардар е поразен седми пат по ред во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето кај Загреб загуби со 23-22. 

По одличниот почеток на сезоната во Лигата на шампионите, Вардар влезе во криза од која никако не може да излезе. До победа не успеа да дојде ниту во Загреб.
 
Во првиот дел се играше рамноправно, двата тима се менуваа во водство. Загреб имаше предност и од 5-2 на почетокот, но црвено-црните упсеаа да го свртат резултатот и да победат со два гола разлика. Но на одморот се замина со водство на домаќните од 14-12.
 
Во второто полувреме Вардар го сврте повторно резултатот и дојде до водство од 21-18. Но Загреб подобро се снајде во финишот и на крајот успеа да дојде до победата од 23-22. Македонскиот тим имаше напад за да се спаси од пораз, но не успеаа ниту да шутне, акцијата беше завршена по лошо додавање.
 
Најефикасни беа пикерите, Жереми Тото и Патрик Валчак со по четири гола, а голманите си поделија седум интервенции, Борко Ристовски четири одбрани во второто, Мартин Томовски три во првото полувреме. Иван Чупиќ беше прв стрелец на мечот со пет гола, четири имаше Давид Мандиќ, додека голманот Дино Славиќ беше незанемарлив дел од пресвртот со 12 интервенции.
 
По овој пораз Вардар падна на седмото место на табелата. Шанса за поправен ќе има во февруари, кога преостануваат мечевите со Монпелје на гости (16.02.), со Загреб во Скопје (23.02.), во Брест кај Мешков (02.03) и дома со Елверум (09.03.).

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе