Вардар тргна моќно уште на самиот старт, поведе со 4-1 и најави дека влегол максимално сериозно во овој дуел. Одличен на голот беше Томовски кој во првото полувреме имаше 12 одбрани. На одморот се замина со предност на Вардар од 15-7.
Во вториот дел Вардар ја одржуваше високата предност, не му дозволи на Алкалоид во ниту еден момент да се понадева дека може да се врати во мечот, конечниот резултат гласеше 30-22.
Куни Моралес со шест голови беше најдобар кај Вардар, Стоилов и Талески постигнаа по пет, кај Алкалоид Марко Митев постигна шест погодоци.
За Вардар ова беше 11 победа во првенството оваа сезона и останува прв со 33 бодови, по нив во таа група е Алкалоид со 27.