Лига на шампиони

Вардар поразен од Кјелце, шоу на Алекс Душебаев и Волф

Вардар со 33-29 загуби од Кјелце во меч од Лигата на шампионите, поранешниот вардарец Алекс Душебаев со 10 голови беше најдобриот играч на мечот. 

По пауза од еден месец Вардар конечно имаше официјален меч, но таа неконстантност од натпревари вечерва беше видлива, црвено-црните загубија од Кјелце со четири голови разлика.
 
Вардар одлично го почна натпреварот, Кјелце поведе со 1-0, но потоа следуваше серија од 5-0 на нашиот тим за водство од 5-1. Сепак во продолжението работите се променија.
 
Волф се разбрани, вардаровите ракометари правеа грешки, нападот не функционираше, Кјелце почна да ја топи предноста, го сврте мечот и одморот замина со три гола предност, 16:13.
 
Во првата половина од второто полувреме Вардар повторно беше добар, со серија од 4-0 успеавме да дојдеме и до еден гол предност 22-21, но потоа повторно Волф се испречи, со серија од неколку одбрани по ред им даде ветар во грб на своите ракометари кои дојдоа и до највисоки пет голови разлика, на крајот победија со 33-29.
 
 Разликата на овој натпревар ја направија Волф и Душебаев, голманот на Кјелце беше несовладлив кога се кршеше мечот, а поранешниот Вардарец даде дури десет голови од 11 шута.
 
Во составот на Вардар, Јотиќ постигна шест гола, Чупиќ и Дибиров реализираа по пет пати, Георгиевски даде четири. Кантегрел имаше пет одбрани, Ристовски три. Кај Кјелце убедливо најрасположен нбеше Алекс Душебаев со 10 голови, Туран постигна четири, Игор Карачиќ му даде два погодоци на својот поранешен тим. Волф мечот го заврши со 14 одбрани.
 
Ова беше втор пораз на Вардар од четири одиграни натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона, за шест дена нашиот тим му гостува на Кјелце.
 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе