Вардар по продолженија го победи Еурофарм Пелистер и го освои турнирот во Струга

Вардар е освојувач на 49. издание на струшкиот ракометен турнир откако во финалето го победи Еурофарм Пелистер со 33-32. 

Вардар и Пелистер ќе водат голема битка за трофеите оваа сезона, таква слика дадоа нивните дуели во Суперкупот и финалето на турнирот во Струга.
 
Денеска Вардар и Еурофарм Пелистер одиграа крајно изедначен начин кој го доби актуелниот македонски шампион дури по продолженијата.
 
Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 28:28, а во продолженијата Вардар со гол од пенал во последните секунди дојде до победа од 33:32. 
 
Интересно во продолженијата сите четири гола за Пелистер ги постигна Радовиќ, а за Вардар, Дибиров.
 
Дибиров постигна вкупно десет голови за Вардар и беше прогласен за МВП на турнирот.
 
Еурофарм Пелистер не ја искористи одличната партија на голманот Мартон Секељ кој имаше дури 15 интервенции, кај Вардар Томовски заврши со 11.
 
Вардар и Пелистер сега се изедначени со по 13 титули на турнирот во Струга. Следната година е јубилејното 50. издание.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе