Лига на шампиони

Вардар на свое тло поразен од Мешков Брест, во осминафиналето ќе игра против Веспрем

Вардар доживеа пораз во „Јане Сандански“ од Мешков Брест кој доминираше речиси во текот на целиот меч, гостите победија со 36-32, црвено-црните останаа на седмото место и за противник во осминафиналето ќе го имаат тимот на Веспрем. 

Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, Вардар во Скопје загуби од Мешков Брест. Со овој пораз исчезнаа и сите шанси за шестата позиција, а тоа значи декак во осминафиналето македонскиот тим ќе игра против силниот Веспрем.
 
Неизвесно беше само на почетокот од мечот, до 5-5, потоа следуваше серија на Мешков Брест од 6-1 со кокја дојде до предност од 11-6. До крајот на полувремето ја зголемија на осум разлика и на одморот заминаа со водство од 20-12.
 
Вардар играше очајно во одбраната и правеше грешки во нападот. Тимот на Алушовски се обиде да се врати во вториот дел но најблиску што дојде беше -3 во самиот финиш од мечот. На крајот Мешков Брест славеше со 36-32.
 
Дибиров со девет голови беше најефикасен во составот на Вардар, Гаџа постигна седум, Калараш и Чупиќ по четири, Кантагрел имаше осум интервенции. Во тимот на Мешков Брест незадржлив беше Вајлупов со 12 голови, Скубе постигна седум. Пешиќ имаше девет одбрани.
 
Вардар групната фаза ја заврши со девет бодови, три победи, три нерешени и дури осум порази. Послаб од нашиот тим беше само Елверум.
 

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе