Суперлига

Вардар ќе ја почне новата сезона против Скопје, битолското дерби на стартот

Новата сезона во машката ракометна Суперлига ќе почне на 8 септември, а денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше обликуван распоредот со натпревари. 

Ждрепката одреди дека најголемото дерби, меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се случи во 4. коло, на 25/26 септември, во Скопје. Возвратниот натпревар, во Битола на програмата ќе биде во 15. коло, на 18/19 декември. Во првата рунда, пак, на 8 септември, Вардар ќе игра со новиот Суперлигаш, Скопје, додека Е. Пелистер ќе се сретне со сопствената втора екипа. Дербито на 8 септември ќе биде во „Автокоманда“, меѓу Металург и Пролет.
 
Во новата сезона ќе се практикува нов систем на натпреварување. Претставниците во СЕХА-лигата, во случајов Вардар и Е. Пелистер, првпат од нејзиното постоење ќе играат уште од почетокот. Лигата ќе ја сочинуваат 12 екипи, кои во првата фаза ќе се соочат во едноставен систем дома-гости, во 22 кола. Потоа, првите шест екипи продолжуваат во плејоф, они од 7. до 12. место ќе разигурваат во плејаут. Во таа втора фаза екипите ќе пренесат бодови според заслугите од првиот дел, првиот ќе ја почне со пет бода, вториот со четири и така се до шестиот кој ќе има нула.
 
 
СУПЕРЛИГА, 1 КОЛО:
 
Вардар – Скопје
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Металург – Пролет
Бутел Скопје – Прилеп
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе